Издавањето на поимникот Водич во феминистичката и родовата терминологија претставува придонес на Акција Здруженска во збогатувањето на ресурсите во Македонија за поголема информираност и надградба на знаењата во областа на родовата еднаквост и човековите права на жените.
Во поимникот се поместени дефиниции и појаснувања за дел од општите и оперативните термини од феминистичката и родовата теорија и практика, преглед на клучни документи (конвенции, декларации и сл.), како и клучни настани во рамките на меѓународните организации кои се релевантни за родовата еднаквост и правата на жените.
Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска објавува Jавен повик за ангажирање експерт/ка за евалуација на тригодишниот проект„Активни жени, отчетни власти III“ спроведен во периодот помеѓу јануари 2021 и декември 2023 со поддршка на Шведската Фондација K
Видеото продуцирано во декември 2023, ги документира пристапите и ефектите остварени во изминатите пет години со Фондот за поддршка на локалниот женски активизам на Акција Здруженска. Пристап и поддршка кој се заснова на принципите на флексибилност, предвидливост, доверба и партнерств
На 15.02.2023 претставнички на Акција Здруженска заедно шесте грантисти Радика-Де Дебар, ГИЖ Свети Николе, ХЗ „Мајка“ – Куманово, АУСЖМ „Женска Акција“ – Радовиш, ОЖ – Струмица и жени од 12 локални женски кружоци како дел од Женски кружок, присуствуваа на средба кај
„Кога ќе се здружат жените“ е документарно видео во кое жените од Бистренци – Демир Капија, Дорфулија – Лозово, Шипковица – Тетово и Мал Папрадник – Центар Жупа, зборуваат за придобивките од теренските стратегии во поддршка на автономен, непосредуван и организи
ПРОЕКТ „ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ“
Цели на проектот: Да се поддржи автономниот јавен ангажман на руралните жени со ресурси и практични знаења за планирање и спроведување на партиципативни граѓанските иницијативи во заедницата.
Да се развие и размени ефикасен модел фокусиран на заедницата за промовирање на локалната култура на филантропија врз основа на граѓански акции за мобилизација на локалните ресурси во корист на приоритетните потреби на жените.
Да воспостави соработка и размена со релевантни национални и меѓународни организации/мрежи кои даваат грантови за застапување на промените во практиките за помош во развојот.
ПРОЕКТ „АКТИВНИ ЖЕНИ ОТЧЕТНИ ВЛАСТИ 3
Цел на проектот: Да се зголеми влијанието на жените врз планирањето на политиките и процесот на донесувањето одлуки преку зајакнат капацитет за застапување на локалните женски организации и зајакнат придонес со предлози на политика за застапување во националната дебатата за приоритетите за родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во клучните политики и процеси.
ПРОЕКТ „РОДОВА ДИМЕНЗИЈА НА ПОЛИТИКИ ВО ФОКУС – ЈАКНЕЊЕ НА РЕЗИЛИЕНТНОСТ ВО ПОСТ-КОВИД ПЕРИОД“
Цел на проектот: Да се придонесе кон пост пандемиско закрепнување на општеството преку засилено граѓанско застапување на родовата еднаквост фокусирано на скроени пристапи на централните и локалните власти за јакнење на отпорноста на жените како најпогодена категорија граѓани.
ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА ЗА РАЗВОЈОТ НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА ЛОКАЛНИТЕ ЖЕНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Цел на проектот: Да се воспостави Фонд за поддршка на локален женски активизам како програмска компонента преку која ќе се обезбедува скроена финансиска и техничка поддршка на локалните женски организации.
Специфични цели: Зајакнување на функционалноста и агилноста на 6 локални женски организации, овозможувајќи им да ја одржат и унапредат својата работа за застапување преку зајакнување и директно вклучување на маргинализираните заедници на жени.