• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Абортусот е право на избор!!!

јули 24, 2015
by Сузана Гроздановска
0 Comment

Се обраќаме до македонската јавност со реакција на екстремно конзервативните, репресивни општествени струи, кои затскривајќи се зад параванот на религијата и заштитата на правото на човекот на живот, деновиве дистрибуираат постери и флаери со тврдење дека абортусот е убиство:

“Господ ги сака раѓањето и животот. Нашата МПЦ тоа многу пати го кажала” ???

„Правото на избор постои до моментот на зачнувањето, а потоа постои правото на живот” ????

Се прашуваме во кое време и во кој општествен систем сака да не врати оваа група, која промовира бесмислени пораки и притоа, го прикрива својот вистински идентитет од јавноста.

Во оваа прилика, на иницијаторите на оваа кампања, нивните партнери во Македонија и до сите други кои сметаат дека 99 отсто од случаите на прекин на бременоста се сосема неоправдани им ја упатуваме следнава порака:

ОБИДИТЕ ЗА БИЛО КАКВО ОГРАНИЧУВАЊЕ, А ДА НЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА ЗАБРАНА НА ПРАВОТО НА ЖЕНИТЕ ДА РАСПОЛАГААТ СО СВОИТЕ ТЕЛА ПРЕТСТАВУВА НАПАД НА КОЈ ЌЕ МУ СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ СО СИТЕ СИЛИ И АРГУМЕНТИ.

Апсолутно не го промовираме абортусот како метод за планирање на семејството, но сме против каква било политика која ќе го ограничи правото на избор. Ова со сигурност ќе резултира со нелегални и нестручно изведени абортуси.

Ние, долупотпишаните не сме убијци!

З.Г.Акција Здруженска

Здружение за еманципација,солидарност и еднаквост на жените на Р.М.- ЕСЕ

Фондација Институт Отворено Општество Македонија

Полио плус – движење против хендикеп

Национален совет на жени на Македонија- СОЖМ

Истражувачки центар за родови студии

Македонски центар за женски права – Шелтер центар

НВО Инфо центар

Женска Граѓанска Иницијатива АНТИКО,

Македонско женско лоби

Клуб на жени пратеници на собранието на РМ

Женски центар „ Жена на 21 век” Куманово ( Х.З.Мајка, О.Ж. Кумановка, З.Ж. Коло на српските сестри, З.Г. Сирма, С.А.Ж.М.-огранок Куманово, О.Ж. Куманово-Виор, Здружение на интелектуална жена Албанка, З.Г. Халчо Ал Брова)

Фондација за локален развој и демократија „ ФОКУС ” Велес

ХОПС-опции за здрав живот – Скопје

ХОПС- Куманово

ОЖ Скопје

Неформална Коалиција за Заштита и Промоција на Сексуални и Здравствени Права на МСМ/ЛГБТ и сексуални работници/ки ( МАССО, ХОПС, ЕГАЛ, ЦГЦП, ММНС, ХЕРА и ИЗБОР-Струмица)

З.Г. за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата „Заеднички вредности”

НВО Зона – Кавадарци

Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ – Свети Николе

З.Г.Клеа – Битола

Центар за мир и демократија Иан Колинс

НВО ХЕПТА – Асоцијација за здравствена едукација, превенција и подобар третман

Македонски центар за европско образование

Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди”

Центар за човекови права и разрешување конфликти

Мрежа „Женска акција”

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Барања до новата Влада на РСМ – Реформи за унапредување на родовата еднаквост јули 15, 2020
  • 17 политички партии ја потпишаа Декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација јули 12, 2020
  • #ОсмомартовскиOсумнасочник јуни 11, 2020
  • #БарашЛиПравилно? јуни 11, 2020
  • И ОВАА МАНЏА Е ТВОЈА РАБОТА! јуни 11, 2020

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk