Вториот модул од обуката “Активни заедници за отчетни институции” се оддржа од 16-18.10.2017 во хотел Романтик, Дојран. На овој модул 27 претставници од 11 граѓански организации и претставници на ЕСЕ и Акција Здруженска се запознаа со контекстот, процедурите и приоритетите при развивање на политиките за вработување во РМ, активните мерки Самовработување и Македонија вработува 2, како и со услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување на РМ од Опертаивниот план за вработување за 2017. Оваа обука е дел од проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”, проект финансиски поддржан од ЕУ.