30 претставници од 11 граѓански организации и претставници на ЕСЕ и Акција Здруженска присуствуваа на Обуката “Активни заедници за отчетни институции”. Обуката се состои од два модули. Првиот модул се оддржа во периодот од 04 до 06 октомври, 2017 година во хотел Романтик, Дојран. Целта на овој модул беше да се запознаат претставниците на присутните граѓански организации со методологиите за социјална отчетност, мониторинг во заедницата, мониторинг и анализа на буџети, социјална ревизија, како и да ги информира за активностите предвидени со проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” проект финансиски поддржан од ЕУ.