• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Бариери за активно вклучување на жените од ранливите категории на пазарот на труд

јануари 09, 2017
by admin
0 Comment

Здружениетo Женски Фoрум Тетoвo вo партнерствo сo Здружението Златна рака Тетoвo, пристапи кoн пoдгoтoвка на анализа за oграничувачките бариери кои ги попречуваат жените од ранливите категории да се вклучат на пазарот на труд во рамки на проектот “Со еконoмско зајaкнување кон родова еднаквост”. Целта на проектот e да промовира економско зајкнување на жените на локално ниво како фактор за подобрување на родовата еднаквост.

Преку специфичните цели на проектот ќе се настојува: да се утврдат главните фактори кои негативно влијаат на ниското учество на пазарот на трудот на жените од ранливите категории; да се олесни пристапот на жените од ранливите категории на пазарот на трудот и да се воспостави соработка со сродни организации од Косово, размена на искуства, практики и предлагање решенија.

Оваа анализа има за цел да ги утврди ограничувачките бариери кои ги попречуваат жените од ранливите категории да се вклучат на пазарот на трудот. Утврдените бариери треба да послужат како основа за проценка на моивираноста на жените да се вклучат во понатамшен процес на нивно економско зајакнување.
Овaа активност е дел од проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА-инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, а реализиран од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје, во партнерство со Косовскиот центар за родови студии Приштина, Институтот за развој на заедницата од Тетово и Центар за советување и поддршка на жените Дора Дорс од Призрен.

Бариери за активно вклучување на жените од ранливите категории на пазарот на труд

Barrierat e perfshirjes aktive te grave te kategorive te prekura ne tregun e punes

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 2“ за 2020 година јули 12, 2021
  • ПРОЕКТ „АКТИВНИ ЖЕНИ ОТЧЕТНИ ВЛАСТИ 3“ јули 9, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk