• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Брифинг со новинарите за промоција на проектот „Социјална отчетност за родова еднавкост“

ноември 02, 2017
by admin
0 Comment

На 01.11.2017 во Public Room Скопје, се одржа брифинг со новинари, на кој Акција Здруженска и ЕСЕ ги презентираа активностите и временската рамка на спроведување на истите во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост”, како и податоците/резултатите до кои ќе дојдат организациите во текот на имплементацијата на проектот. Целта на брифингот е информирање на новинарите за активностите и текот на проектот, како и ниво активно вклучување во креирањето на резултатите на проектот.

Проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ ќе допринесе кон зајакнато учество на заедницата во процесите на следење на јавните политики и процесот на донесување одлуки од областа на вработувањето; оценување на потребите на заедницата во однос на активните мерки за вработување; запознавање и мобилизација на граѓаните за барање/уживање на сопствените права за вработување уредени со домашните и меѓународните стандарди од областа на вработувањето; оценета ефикасноста, економичноста и оправданоста на потрошените средства за спроведување на мерките за вработување кои се предмет на интерес; како и унапредување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на целните јавни институции. Истиот е фокусиран на програмкската и буџетската имплементација на активните мерки за вработување “Самовработување, Македонија вработува 2 и услугите за вработување на АВРМ”

Проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ се имплементира од Здружението за еманципација солидарност и еднаквост -ЕСЕ во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска. Истиот е поддржан од ЕУ преку ИПА Инструментот за граѓанско општество и програма за медиумите 2015 – Поддршка за граѓанските организации во рамките на инструментот за акција во граѓанското општество 2015.

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Име на проектот: ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ септември 15, 2023
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2022 година април 12, 2023
  • ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ 2022 март 16, 2023
  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk