На 15.02.2023 претставнички на Акција Здруженска заедно шесте грантисти Радика-Де Дебар, ГИЖ
Свети Николе, ХЗ „Мајка“ – Куманово, АУСЖМ „Женска Акција“ – Радовиш, ОЖ – Струмица и жени од 12
локални женски кружоци како дел од Женски кружок, присуствуваа на средба кај Амбасадорката на
Кралството Шведска Ami Larsson Jain. На средбата се разговараше за позитивните искуства, практиките
и предизвиците при спроведувањето на теренскиот пристап за зајакнување на жените од заедницата за
самостојно, организирано застапување на нивните права и потреби кај локалните институции.
Жените и организациите имаа можност да ги претстават постигнатите резултати, предизвиците со кои
што се соочуваат во својата работа, како и идните планови на делување во рамките на своите програми
како дел од институционалната поддршка на Акција Здруженска.
Средбата е организирана на покана на Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain, со
поддршка на фондацијата Kvinna Till Kvinna во рамки на програмата „Активни жени отчетни власти III“.