„Кога ќе се здружат жените“ е документарно видео во кое жените од Бистренци – Демир Капија, Дорфулија – Лозово, Шипковица – Тетово и Мал Папрадник – Центар Жупа, зборуваат за придобивките од теренските стратегии во поддршка на автономен, непосредуван и организиран женски глас. Видеото има за цел да ја информира пошироката јавност за ефекти од теренски пристапи за зајакнување на жени од руралните средини, реализирани во рамки на проектот „Зајакнување на локалното женско организирање“.
Теренските пристапи за зајканување на жени се во насока на обезбедување конструктивен придонес на жените во програмирањето и буџетирањето на локалните самоуправи преку зајакнување на жените за активно учество во процесите на планирање и донесување на одлуки на локално ниво и зајакнување на капацитетите на локалните женски организации за граѓанска мобилизација на жените од заедницата и застапување на нивните интереси кај локалните власти.
Проектот е реализирани во периодот од Јуни 2020 – Август 2022, во партнерство со локалните женски организации: Женска граѓанка иницијатива „Клеа“-Битола; Здружение „Радика Де“-Дебар; Женски Форум-Тетово и Граѓанска иницијатива на жени – Свети Николе; Здружение на произодители на органска храна „Биовита“- Кавадарци; Здружение за родова еднаквост „ВИЗИЈА“ Кавадарци; Здружение за рурален развој „Рај“ Росоман; Здружение против дискриминација „ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ“ Ресен и Организација на жени „Женско Лоби“-Демир Капија.
Проектот „Зајакнување на локалното женско организирање“, е спроведен од Акција Здруженска во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.