• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Жените прашуваат!

јули 24, 2015
by Сузана Гроздановска
0 Comment

Акција Здруженска ја започнува кампањата Жените прашуваат! со која по втор пат ќе го одбележи МЕСЕЦОТ на правата на македонските жени, наместо 8 март како ДЕН кога ова прашање привлекува некакво внимание во јавноста.
Кампањата е во функција на информирање и поттикнување на жените да почнат да ги бараат основните предуслови за остварување на нивните права, кои ги имаат на хартија, но не и во пракса.
До жените од Скопје, Куманово, Битола, Велес и Тетово, ќе бидат дистрибуирани 30 000 поштенски картички на кои се наоѓа листа на услуги преку кои родовата еднаквост е дефинирана низ конкретни потреби за чие задоволување е надлежна или може да помогне локалната самоуправа.

Во месец февруари започна процесот на детално конципирање на кампањата и осмислување на промотивниот материјал. Клучното прашање на кампањата беше КОГА жените ќе ги добијат услугите за чие задоволување е надлежна локалната власт, кои се само навидум подеднакво важни за сите граѓани, а кои или ги нема, или се недоволни, или пак се скапи и жените не можат да си ги дозволат. Обезбедувањето на овие услуги, кои за жените значат поинакво секојдневие и поголеми можности, во најголем дел од општините не се приоритет (освен на декларативно ниво) и за нив никогаш нема доволно ресурси. Кампањата беше во функција на информирање и поттикнување на жените да почнат да ги побараат основните предуслови за остварување на нивните права, кои ги имаат на хартија, но не и во пракса. Беа испечатени 25 000 картички на македонски и 5 000 на албански. На картичките беше поместена листа на услуги дефинирана врз основа на претходни искуства и информации на АЗ од жените за нивните потреби и проблеми, како и консултации со локалните организации кои имаат специфичен увид во потребите на жените во одделните опшини. Со оглед на различниот контекст, услугите едновремено ги одразуваат заеднички проблеми и потреби на жените во најголем дел од општините, но и специфични практични потреби на различни категории жени во одделни општини.

Кампањата е дел од активностите на проектот на Акција Здруженска „Родова еднаквост е секојдневна потреба“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Втора координативна средба на организациите вклучени во проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” април 13, 2018
  • Завршен настан на проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“ април 12, 2018
  • Организирани 5 локални дебати „Кон родово инклузивни локални буџети“ во општините Кавадарци, Струмица, Радовиш, Центар и Карпош април 12, 2018
  • Трета работилница со мониторинг тимови за финализација на извештаи од мониторинг април 11, 2018
  • Прва координативна средба на организациите вклучени во проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” април 11, 2018

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk