На 27 март 2018 во Јавна Соба во Скопје се одржа завршен настан за промоција и споделување на резултатите од реализација на проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“на централно ниво.
Пред присутните беше промовирана публикацијата Третманот на родот во општинските програми и буџети Сумарен извештај од следење во општините Струмица, Кавадарци, Радовиш, Центар и Карпош
Настанот беше можност за размена на искуства од реализација на мониторингот на процесот на програмирање и буџетирање за 2018 во општините Струмица, Кавадарци, Радовиш, Центар и Карпош, спроведен од страна на Организација на Жени-Струмица; ОЖ Визија-Кавадарци; Женска Акција-Радовиш и Една Може-Скопје.
Истовремено, на 10 претставнички од организациите им беа доделени потврди за учество во стандардизиран модел на зајакнување „Родот во буџетското планирање“ спроведен од Акција Здруженска, кој подразбира активен ангажман во идентификација, следење и застапување на приоритетните потреби на жените од локалната заедница кај локалните власти.
Проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“ е поддржан од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.