На 22 ноември 2016 во Јавна Соба во Скопје се одржа завршен настан на проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“ на кој се воспостави Прекуграничната мрежа за унапредување на родовата еднаквост меѓу Македонија и Косово.
Пред присутните, беше промовирана Декларацијата за заложба на 14 организации од Македонија и Косово кои ја изразија својата посветеност за продолжување на прекуграничната соработка преку воспоставување и понатамошен развој на прекуграничната мрежа за соработка за унапредување на родовата еднаквост.
На настанот, присуствуваа вклучените организации, поддржувачи и соработници, кои придонесоа за успесите од двегодишната иницијатива за поврзување, зајакнување, обезбедување ресурси, видливост и реализација на локални и прекугранични застапувачки акции, беа претставени специфичните резултати од проектот.
Завршниот настан се организира во рамките на проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА-инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, а реализиран од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје, во партнерство со Косовскиот центар за родови студии Приштина, Институтот за развој на заедницата од Тетово и Центар за советување и поддршка на жените Дора Дорс од Призрен.
ВИДЕО СО РЕЗУЛТАТИ
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЗАЛОЖБА
DEKLARATË PËR ANGAZHIM
DECLARATION OF COMMITMENT