Акција Здруженска во рамките на проектот Меѓугранична еднаквост и родова интеграција, финансиран од ЕУ, во мај започна со спроведувањето на првите две, од планираните четири тематски истражувања од областа на родовата еднаквост и правата на жените во Полошкиот регион. Еднаквоста во одлучувањето и Промоција на родовата еднаквост на локално ниво се темите кои се предмет на интерес на истражувањата кои ги изведува Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје
Целта е да се обезбеди анализа на состојбата за статусот на жените и родовата еднаквост во Полошкиот регион, односно општините Тетово, Гостивар, Јегуновце, Теарце, Желино, Брвеница, Врапчиште, Боговиње и Маврово Ростуше.
Тематските истражувањата се замислени како ресурс кој ќе обезбеди валидни аргументи за локалните граѓански организации со цел тие успешно да ги застапуваат прашањата поврзани со унапредување на родовата еднаквост кај локалните власти, а, едновремено, тие треба да обезбедат основа за информирано креирање мерки и политики за надлежните претставници на единиците на локалната самоуправа.