• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

ЗОШТО ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА? (2013)

јули 24, 2015
by Сузана Гроздановска
0 Comment

Предлог законот задира во основните слободи и права и според тоа претставува сложен и обемен закон и не смее да се носи во скратена постапка.

Предлог законот за прекинување на бременоста ја укинува/брише досегашната одредба на слободен избор на жената за прекин на бременоста до 10 гестациска недела преку воведување на рестрикциони механизми кои не се базирани на научни сознанија и медицина-базирана на докази ниту во согласност со постојните медицински насоки за прекинување на бременоста дефинирани од страна на Светската Здравствена Организација поради следниве одредби:

доставување на писмено барање од страна на жената за прекин на бременоста,

давање писмена согласност за интервенцијата од страна на жената,

задолжително пред-абортус советување,

известување на брачниот партнер,

поставување на задолжително време за чекање од 3 дена по советувањето за да може да се изведе интервенцијата,

доставување на потврда од гинеколог-специјалист

Одредбите во член 6 од предлог законот за прекинување на бременоста за барање до 10 недела се во колизија со член 2 од предлог законот кој дефинира дека за прекинување на бременоста слободно одлучува жената, што претставува повреда на одредбите од уставот и загарантираните слободи и права како и меѓународните договори ратификувани од страна на Република Македонија.

Одредбите од Предлог законот утврдуваат нова надлежност на министерот за здравство да донесува одлуки за:

подготовка на форматот за писмено барање за абортус,

воспоставување на акти за советување и клинички протоколи,

формирање на првостепени комисии во здравствените институции

Со ова се нарушува автономноста и се деградира способноста/капацитетите на здравствените установи задолжени да ја вршат оваа дејност особено што абортусот во законот се дефинира како медицинска интервенција и со тоа експертизата треба да лежи во професионалниот кадар и здравствените установи и медицинската фела (лекарска комора).

Формирањето на комисија во здравствената установа од страна на министерот дополнително ќе ја бирократизра процедурата за жената која поднела барање, а индиректно министерот ќе биде во улога на одлучувач дали на жената да и се прифати барањето или не.

Високи парични казни како и воведување на мерка затвор за докторите кои не се придружуваат до одредбите во овој закон дури за процедури кои не се животно-заканувачки (водење евиденција, известување на партнер) не соодветствуваат со казните при изведување на други медицински интервенции, а дополнително го руши дигнитетот на лекарите и самата професија.

Abortus reakciјa vo Dnevnik

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Петгодишната неправда пред исправање: Усвојување на новиот закон за абортус веднаш и едногласно! февруари 1, 2019
  • Придонес до ЕК – Извештај за напредокот на Македонија за родова еднаквост за 2019 јануари 28, 2019
  • Забелешки на План 18 со препораки и предлог мерки за унапредување на родовата еднаквост ноември 24, 2018
  • Акција Здруженска на консултации во Брисел ноември 24, 2018
  • Втора серија едукативни работилници во Добрејци, Мустафино и Дебар – Едукативна програма за зајакнување на жените во заедницата ноември 24, 2018

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk