Акција Здруженска како дел од ад хок коалиција составена од: Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ, Отворена Порта/Ла Страда Македонија и Коалицијата „Маргини, учествуваше во подготовка на Писмениот извештај кон Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW), со цел негово разгледување при подготовката на листата на прашања од страна на CEDAW Комитетот насочени кон Република Македонија.
Извештајот се однесува на степенот на имплементација на член 2 (Политики за родова еднаквост); член 6 (Насилство врз жени); член 11 (Вработување); член 12 (Здравство) и член 15 (Правна еднаквост).)
Written submission for pre session WG_71 session on CEDAW_12-16 March 2018