• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Имаш право! Барај заштита од семејно насилство

јули 24, 2015
by Сузана Гроздановска
0 Comment

Во рамките на “16 меѓународни дена на активизам за борба против насислтвото врз жените”/ 25 ноември – 10 декември 2007

Барај имплементација, предизвикај ги пречките: Крај за насилството врз жените

Овогодинешната кампања: Имаш право! Барај заштита од семејно насилство, претставува заедничка акција на Здружението на граѓани Акција Здруженска од Скопје, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ – ЕСЕ, Националната СОС линија при ОЖС, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи.

Целта на овогодинешната кампања е да ги поттикне жртвите да бараат ефикасност и квалитет од системот за заштита од семејно насилство, на начин што ќе ги информира за заштитните мерки и услугите кои имаат право да ги побараат од надлежните институции, симболично преставени како “вратите на системот”.

Кампањата започнува на 24 ноември (сабота) во 12 часот со настан на Плоштадот Македонија наречен „ВРАТИТЕ НА СИСТЕМОТ”. Во рамките на настанот ќе биде поставена инсталација која ќе ги симболизира вратите на надлежните институции (Полиција, Здравство, Центри за социјална работа и Невладини организации) кои се дел од ситемот за заштита од семејно насилство. До секоја од вратите ќе стои претставник од соодветниот систем кои ќе ги информира граѓаните за услугите и заштитата која тие ја обезбедуваат за жртвите на семејно насилство.

Во деновите на кампањата се предвидува и дистрибуција на 5000 флаери, објава во неделното списание Теа Модерна, а ќе биде отворена и телефонска линија за донирање средства за помош на жртвите на семејно насилство.

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Барања до новата Влада на РСМ – Реформи за унапредување на родовата еднаквост јули 15, 2020
  • 17 политички партии ја потпишаа Декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација јули 12, 2020
  • #ОсмомартовскиOсумнасочник јуни 11, 2020
  • #БарашЛиПравилно? јуни 11, 2020
  • И ОВАА МАНЏА Е ТВОЈА РАБОТА! јуни 11, 2020

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk