Акција Здруженска во рамките на Проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, го реализираше истражувањето „Состојба со еднаквоста во одлучувањето и промоцијата на родовата еднаквост во Полошкиот регион“.
Ова истражување ги опфаќа првите две тематски области, од планирате четири, кои ќе се спроведат во Полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Врашчиште, Јегуновце, Теарце, Маврово и Ростуше, Желино, Боговиње, Брвеница). Првите две тематски истажувања ги обработуваат еднаквоста во одлучувањето и промоцијата на родовата еднаквост на локално ниво. Во следниот период ќе бидат истражувани еднаквоста на пазарот на труд/економската независнот и родово базираното насилство.
Истражувањата се спроведуваат со цел да се одговори на хроничниот недостиг на податоци за состојбата на статусот на жените и родовата еднаквост во овој регион, кои се неопходни за планирање на мерки за унапредување на еднаквоста од страна на локалните власти. Воедно резултатите од истражувањата треба да послужат како ресурси за планирање на застапувачки акции на локалните граѓански здруженија.
Истражувањето беше спроведено од Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје.
Сумарните наоди од истражувањето и целосното истражување на следните линкови:
Сумарен наод „Еднаквост во одлучувањето во Полошкиот регион“
Сумарен наод „Промоција на родовата еднаквост во Полошкиот регион“