Во текот на 2017 беа дизајнирани и испечатени 1.500 кујнски крпи со порака што се однесува на општинскиот буџет и потребата на жените да се вклучат во креирање на општинскиот буџет. Текстот беше отпечатен на македонски и албански јазик, а крпите беа дистрибуирани од Акција Здруженска, Консалтинг за стратешки развој и 9 граѓански организации: Една може – Скопје, ГИЖ Св. Николе, Женски форум – Тетово, Радика Де – Дебар, ОЖ Струмица, СОЖМ – Скопје, Центар за образование и развој – Теарце, ЕХО – Штип и Клеа – Битола, за време на теренските акции.
Акциите се спроведоа во општините Скопје (Град Скопје, Аеродром, Ѓорче Петров), Свети Николе, Тетово, Маврово – Ростуше, Струмица, Боговиње, Штип и Битола при што беа спроведени акции за широк опфат на жени со цел зголемување на учеството на жените во процеците на креирање на политики на локално ниво. Со овие акции 2487 жени имаа можност да го дадат своето мислење, став или пак да се здобијат со информации по однос на прашања специфични и интересни токму за општината во која живеат. Акциите се одвиваа во форма на кампањи од врата на врата, петиции, работилници, улични акции и фокус групи. Целта на овие акции беше граѓанските организации да ја изградат својата база на конституенти, да ја зајакнат својата позиција како врска меѓу жените од заедницата и локланите власти како и да ги зајакнат капацитетите на жените од заедниците да можат тие самите да ги адресираат своите потреби и приоритети.
Оваа кампања е развиена како дел од иницијативата за „Развој на стратегии за зголемување на вклученоста на жените на локално ниво“ спроведена од Акција Здруженска како партнер на Консалтинг за стратешки развој Скопје, а поддржана од UN Women во рамки на регионалниот проект за Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа.