Во текот на ноември и декември 2017 во пресрет на претстојните процеси на годишно планирање
на програмите и буџетот на општините, одржани се 4 средби со градоначалниците на општините
Центар, Струмица и Радовиш, како и со претставници на општинската администрација и совет од
општина Кавадарци. Консултативните средби се одржани во насока на претставување на
идентификуваните проблеми и приоритети на жените од овие општини и дискутирање на
можностите за планирање и финансирање мерки за унапредување на еднаквите можности на
мажите и жените согласно законските надлежности на локалната самоуправа.
Истовремено целта беше да се запознаеме со новоизбраните градоначалници и да се
информираме за плановите и мерките во поглед на унапредување на еднаквите можности во
општините, како и можност да дадеме сугестии врз основа на досегашните анализи за тоа како
општините можат да ги подобрат политиките и активностите за да се унапредат еднаквите
можности на жените и мажите.