Во текот на февруари 2018, одржани се 5 поединечни менторски работилници и консултации за подготовка на извештаите од следење со мониторинг тимовите на Организација на Жени – Струмица; ОЖ Визија – Кавадарци; Женска Акција-Радовиш и Една Може – Скопје.
Основ на менторската поддршка беа нацрт извештаите подготвени од тимовите, при што на секој тим поединечно им беа дадени конкретни насоки како да се претстават наодите од мониторинг на процесот на програмирање и буџетирање за 2018, со цел да се идентификува начинот на кој општинските власти третираат 2 клучни приоритети на жените идентификувани преку партиципативно истражување.
Оваа активност се организира во рамки на проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“ поддржан од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.