Проектот е финансиран од Европската унија
Целта на проектот е воспоставување прекугранична мрежа на женски организации активни на планот на родовата интеграција на локално и регионално ниво, преку зајакнување на локалните организации за унапредување на примената на пристапот на интеграција на родовата еднаквост;зголемување на организациските капацитети на локалните женски организации во регионот во кој се спроведува проектот;техничка поддршка на нивната мониторинг улога;подобрено медиумско покривање на теми поврзани со жените на локално и национално ниво
Проектот се спроведува од Акција Здруженска-Скопје и Косовски центар за родови студии-Приштина во партнерство со Институтот за развој на заедницата-Тетово и Центарот за советување и поддршка на жените Дора Дорес-Призрен, а се реализира во регионот кој ги опфаќа општините: Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце (Македонија) и Призрен, Сухарека, Малишева, Драгаш, Раховец и Мамуша (Косово).