• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

„НЕВИДЛИВИ ЖЕНИ“ – Изложба на фотографии 08.07.2016, Јавна Соба

јули 20, 2016
by admin
0 Comment

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска на 08.07.2016 во просториите на Јавна Соба во Скопје ја отвори изложбата на фотографии „Невидливи жени“, одбележувајќи го на тој начин завршувањето на проектот „Родовата рамноправност во локалните буџети“. Станува збор за изложба на 23 фотографии направени за време на теренската кампања „Жените буџетираат“ во рамки на истиот проект. Оваа теренска кампања Акција Здруженска ја спроведе во шест македонски градови: Дебар, Тетово, Гостивар, Куманово, Битола и Свети Николе. Авторки на фотографиите се Лилика Стрезоска и Дона Џамбаска, кои ги документираа сите настани од кампањата.


Изложбата претставува завршен настан од проектот од проектот на Акција Здруженска „Родовата рамноправност во локалните буџети“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество и спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Општа цел на проектот е унапредувањето на третманот на родовите прашања во буџетското планирање на локално ниво преку зајакнување на капацитетите и поддршка на локалните НВО за следење и застапување на родовата еднаквост во буџетските процеси. Специфичните краткорочни цели, пак, вклучуваат зајакнување на знаењата и вештините на женските НВО за следење и застапување на специфичните потреби на жените во буџетските процеси на ЕЛС, обезбедување на релевантни информации за приоритетните потреби изразени од самите жени во заедницата, како и информирање на јавноста за релевантноста на родовата еднаквост во управувањето со јавните финансии

Изјави од фотографките во врска со нивното искуство со подготвувањето на изложбата „Невидливите жени“:

ЛИЛИКА СТРЕЗОСКА

„Не беше воопшто едноставно да се најдеш во средина во која повеќето жени не сакаат да бидат видени или камерата ја доживуваат како некое оружје кое само им ја потврдува реалноста во која се наоѓат. Но секако бевме сремни да дадеме се од себе за да ја доловиме светот во кој живеат.

Зачудувачки е тоа како повеќето од нив не сакаа да зборуват и имаа страв да го искажат својот став, но грижата и проблемите со кои се соочуваат лесно можеше да се препознаат по нивните лица, како да немаат право на подобар пласман во околината во која живеат. Во различни градови, секоја различно ги потенцираше недостатоците со кои се сретнуват секојдневно.“

ДОНА ЏАМБАСКА

„Воопшто не беше лесно. Во ниту еден момент не ни помисливме дека ќе биде. Едноставно отидовме спремни да извадиме максимум од ситуацијата – и тоа и го направивме. Премногу би било несоодветно да раскажувам колку сум задоволна од своите фотографии, но нема ништо погрешно во тоа да продолжам да нагласувам дека на Лилика се феноменални, како и секогаш.

Дефинитивно ниту еден впечаток не би можел да се етикетира како пријатен. На различни локации, се разбира, интензитетот на тој непријтен впечаток варираше и менуваше форма. Во секој град, кај секоја „невидлива“ жена можеше лесно да се препознаат нејзините секојдневни проблеми, тежините со кои континуирано се соочува и борбите од кои е веќе изморена.“

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 2“ за 2020 година јули 12, 2021
  • ПРОЕКТ „АКТИВНИ ЖЕНИ ОТЧЕТНИ ВЛАСТИ 3“ јули 9, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk