Акција Здруженска во рамки на проектот Родова рамноправност во локалните буџети во мај 2015 одржа вкупно дванаесет фокус групи во Битола, Куманово, Свети Николе, Дебар, Тетово и Гостивар. На фокус групите присуствуваа вкупно 128 жени од различен профил, од урбана и рурална средина, од различна возраст, различен образовен профил и социјален статус.
Фокус групите беа поделени во две серии. Првата серија фокус групи беше одржана за да се приберат информации за проблемите и потребите на жените во локалната заедница од неколку области (инфраструктурни, економски, социјални, од областа на образованието и соработката на локалните самоуправа со жените од заедницата). Целта на втората серија фокус групи беше да се оцени нивото на услугите кои општината ги нуди , а кои во првата фокус група произлегле како приорити и потреби на жените.