Невладините организации – поборници за правата на жените и за родовата еднаквост го поздравуваат усвојувањето на Предлог-законот за прекинување на бременоста од страна на Владата, но истовремно бараат во најкус можен рок овој предлог-закон да влезе во собраниска процедура, да се земат предвид листата на забелешки со цел подобрување на текстот и да биде едногласно усвоен од пратениците и пратеничките на сите политички партии.