Проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“, е поддржан од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.
Општата цел на проектот е унапредување на третманот на родовите прашања во програмското и буџетското планирање на локално ниво, преку примена на застапувачки акции од локални женски организации за воведување и финансирање мерки кои соодветствуваат на приоритетите на жените од локалната заедница. Специфичната цел е да ја зајакне улогата на локалните женски НВО за промоција на интересите на жените и родовата еднаквост во процесите на годишно планирање и буџетирање. Целта ќе биде остварена со проширување на опфатот на локални организации со стандардизиран модел на континуирана поддршка и учење низ пракса, веќе применет во општините Битола, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар и Свети Николе. Истиот опфаќа стекнување на одржливи знаења и практични вештини, како и ресурси за примена на клучните фази и чекори на застапувачка стратегија, воспоставена комуникација со локалните власти и мониторинг на планирачките процеси.
За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани организации, освен оние кои дејствуваат во претходно споменатите општини, да предложат по две лица кои се заинтересирани за учество во Програмата за зајакнување.
Краен рок за пријавување: 16 септември 2016
Целосниот повик, образецот за пријавување од организацијата и прашалникот за самопроценка на знаења од пријавените може да ги најдете на следните линкови:
Повик за учество на организации
Образец за пријавување на организацијата
Прашалник за самопроценка на знаења
Доколку имате прашања или ви се потребни дополнителни информации за повикот, испратете порака по е-пошта на zdruzenska@t.mk или контактирајте ја Соња Хаџи Николов на 02/3 215 660.