Портфолио

Име на проект: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЛОКАЛНОТО ЖЕНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ 2

Времетраење: 26 месеци (декември 2023 –  февруари 2026 

Извор на финансирање: UN WOMEN (Во рамки на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија – Фаза 2“ и програмата „Промовирање на родово одговорно управување во Република Северна Македонија“ финансирани од Швајцарија и Шведска.)

Партнерски организации: Женска Граѓанска Иницијатива „Клеа“ – Битола;  Радика Де – Дебар; Здружение „Женски Форум“-Тетово, Граѓанска Иницијатива на Жени –  Свети Николе; и Здружение на граѓани ОЖ „Женско Лоби“- Демир Капија.

Општа цел: Конструктивен придонес на жените во програмирањето и буџетирањето на локалните самоуправи

Специфични цели: 

  • Застапувачките капацитети на локалните женски организации се зајакнати преку проширено теренско присуство и зајакнати теренски мрежи за поддршка кај руралните жени 
  • Конструктивен придонес кон инклузивно и родово одговорно работење на ЕЛС обезбеден од различни категории маргинализирани жени од руралните заедници

Очекувани резултати:

  • Основани се нови Кружоци на 15 локации како неформални ограноци на 5те локални организации вклучени во спорведување на теренски активности 
  • Најмалку 13 Кружоци вклучени во напредна едукација за застапување развиле и спровеле акциски план за директно застапување и обезбедуваат повратна информација кај жените следејќи го годишниот циклус на програмирање и буџетирање на ЕЛС 
  • 1500 жени од 36 локации се вклучени во теренски истражувачки, едукативни и застапувачки активности
  • 1500 жени од 36 локации се вклучени во теренски истражувачки, едукативни и застапувачки активности
  • Најмалку 500 од нив се вклучени во подготовка на застапувачки придонес кон општините
  • 36 застапувачки иницијативи се спроведени во 12 ЕЛС   
  • Најмалку три приоритетни предлози за мерки поднесени кон ЕЛС од жени од 36 локации 
  • Усвоени се најмалку 12 приоритетни предлози (по еден од секоја ЕЛС)

Име на проектот: ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ

Времетраење: 01 септември 2023 – 31 август 2024
Извор на финансирање: Global Fund for Community Foundation (GFCF)

Цели на проектот:

  • Да се поддржи автономниот јавен ангажман на руралните жени со ресурси и практични знаења за планирање и спроведување на партиципативни граѓанските иницијативи во заедницата.
  • Да се развие и размени ефикасен модел фокусиран на заедницата за промовирање на локалната култура на филантропија врз основа на граѓански акции за мобилизација на локалните ресурси во корист на приоритетните потреби на жените.
  • Да воспостави соработка и размена со релевантни национални и меѓународни организации/мрежи кои даваат грантови за застапување на промените во практиките за помош во развојот.

Име на проект: РОДОВА ДИМЕНЗИЈА НА ПОЛИТИКИ ВО ФОКУС – ЈАКНЕЊЕ НА РЕЗИЛИЕНТНОСТ ВО ПОСТ-КОВИД ПЕРИОД

Времетраење: 16 месеци (01/05/2021 – 31/08/2022)

Извор на финансирање: Цивика мобилитас проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска) од Шведска.

Партнерски организации: Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С) и Здружение Радика ДЕ – Дебар. 

Општа цел: Да придонесе кон пост пандемиско закрепнување на општеството преку засилено граѓанско застапување на родовата еднаквост фокусирано на скроени пристапи на централните и локалните власти за јакнење на отпорноста на жените како најпогодена категорија граѓани.

Специфична цел: Да се креираат алијанси на организации што ќе застапуваат родово сензитивни социо-економски политики во услови на постковид општествено закрепнување.

Очекувани резултати:

  • Проценка на социо-економските потреби на жените и граѓанските организации кои работат на прашањата на родовата еднаквост во постковид контекст, потпирајќи се на студиите на UN Women, NDI, како и официјалните статистички податоци кои говорат за диспропорционалната економско-социјална погоденост на женското население и документи на јавни политики;
  • Да се создадат нови модели на политики за родовите прашања како дел од приоритетите во креирањето социо-економски политики прилагодени на постпандемискиот контекст, со фокус на жените како policy категорија разбрана на начин кој е вклучувачки за сите модалитети на родова позиционираност;
  • Да се развие модел за јакнење на граѓански/женски алијанси (платформи) за застапување на социо-економски политики на локално ниво во контекст на постковид општествено закрепнување, и со интерсекциска вклученост на етнички и социјално маргинализираните.

Име на проект: АКТИВНИ ЖЕНИ ОТЧЕТНИ ВЛАСТИ 3

Времетраење: 01/01/2021 – 31/12/2023

Извор на финансирање: Kvinna Till Kvinna Foundation

Општа цел: Да се зголеми влијанието на жените врз планирањето на политиките и процесот на донесувањето одлуки 

Специфични цели: 

  • Поддршка на одржливоста на теренскиот пристап за зајакнување на жените од заедницата за самостојно, организирано застапување на нивните права и потреби кај институциите како редовна програмска рамка на локалните организации, без оглед на тематските области на нивно дејствување (граѓанско учество, економски статус, насилство и сл.);
  • Понатамошен развој на организациските капацитети на локалните женски организации, преку поддршка за практична примена на внатрешните процедури развиени во рамки на претходна поддршка од АЗ; премин од проектно кон програмско планирање и буџетирање; обезбедување континуитет во работењето и ефикасно користење на ресурсите од АЗ и оние добиени од други извори заради постигнување промени во локалната заедница;
  • Градење хоризонтални алијанси помеѓу женските организации и жените од заедниците за размена и соработка, меѓусебна поддршка и солидарно застапување на женското граѓанско учество и на родово одговорни политки и буџети кај институциите на локално и национално ниво.
  • Kонтинуиран мониторинг и собрани податоци за напредокот во спроведувањето на законските обврски за родова еднаквост во однос на воведувањето на родовата перспектива во сите општествени текови со примарен фокус на ефикасноста во имплементацијата на новиот Закон за родова еднаквост што се очекува да биде усвоен во 2021 година.

Очекувани резултати:

  • Зајакнат капацитет за застапување на 5 локални женски организации (Здружение Радика-Де Дебар, Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово, Асоцијација за унапредување на статусот на жените во Македонија „Женска Акција“ – Радовиш, Организација на жени – Струмица).
  • Зајакнат придонес со предлози на политики за застапување во националната дебата за приоритетите за родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во клучни области на политки.

Име на проект: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЛОКАЛНОТО ЖЕНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ

Времетраење: 24 месеци (15 јуни 2020 – 15 јуни 2022)

Извор на финансирање: UN WOMEN (Во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во РСМ“, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.)

Партнерски организации: ЖГИ Клеа-Битола; Радика Де-Дебар; Женски Форум-Тетово и ГИЖ Свети Николе; Здружение на произодители на органска храна „Биовита“- Кавадарци;  Здружение за родова еднаквост ВИЗИЈА Кавадарци; Здружение за рурален развој Рај Росоман; Здружение против дискриминација ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ Ресен и Здружение на граѓани ОЖ „Женско Лоби“-Демир Капија.

Општа цел: Конструктивен придонес на жените во програмирањето и буџетирањето на локалните самоуправи

Специфични цели: 

  • Зајакнување на жените за активно учество во процесите на планирање и донесување на одлуки на локално ниво
  • Зајакнување на капацитетите на локалните женски организации  за граѓанска мобилизација на жените од заедницата и застапување на нивните интереси кај локалните власти

Очекувани резултати:

  • 8 локални женски организации финансиски и технички поддржани за спроведување активности за теренски опфат на жени (4 организации да продолжат со имплементација на напредни методолошки рамки за поттикнување на вклученост на жените во планирањето и донесување одлуки и 4 локални организации да пилотираат активности за информирање на жените во рурални средини);
  • Мрежи за поддршка на заедницата воспоставени во 10 рурални заедници (Шипковица, Боговиње, Желино, Буково, Новаци, Лозово, Дорфулија, Велебрдо, Аџиевци / Присојница и Папрадник); Воспоставени механизми за континуирана комуникација и размена на информации меѓу жените за третманот на приоритетите на жените од страна на локалната самоуправа, проценети со примена на стандардизирана рамка за следење на процесите на локално програмирање и буџетирање.
  • 1000 рурални жени таргетирани со информативни, едукативни, консултативни и мобилизирачки активности во заедницата ќе имаат подобрено знаење за компетенциите на локалната самоуправа и основна буџетска писменост, воспоставена социјална интеракција за прашања од заеднички интерес и ќе придонесат во изготвување предлози за политики до локалната самоуправа.
  • 300 жени директно вклучени во редовна комуникација со претставници на локалната самоуправа/избрани претставници и други релевантни актери, вклучително и во планирање и спроведување на иницијативи/кампања за јавно застапување.
  • Информирање на поширока јавност за предизвиците од секојдневната реалност на жените и потенцијалните решенија за намалување на нивното исклучување, со креативни производи за видливост.
  • Најмалку 1 предлог за приоритетна политика, обезбеден од жените во заедницата, ќе биде опфатен (програмиран, буџетиран или спроведен) од страна на општините таргетирани со проектот.

Име на проект: ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА ЗА РАЗВОЈОТ НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ  КАПАЦИТЕТИ НА ЛОКАЛНИТЕ ЖЕНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ (Дополнување на проект „Активни жени отчетни власти 2“)

Времетраење: 01/01/2020– 31/12/2020

Извор на финансирање: The Kvinna till Kvinna Foundation

Цел на проектот:  Да се воспостави Фонд за поддршка на локален женски активизам како програмска компонента преку која ќе се обезбедува скроена финансиска и техничка поддршка на локалните женски организации. 

Специфични цели: Зајакнување на функционалноста и агилноста на 6 локални женски организации, овозможувајќи им да ја одржат и унапредат својата работа за застапување преку зајакнување и директно вклучување на маргинализираните заедници на жени.

Име на проект: АКТИВНИ ЖЕНИ ОТЧЕТНИ ВЛАСТИ 2

Времетраење: 01/01/2019 – 31/12/2020

Извор на финансирање: Kvinna Till Kvinna Foundation

Општа цел: Да се зголеми влијанието на жените во процесите на планирање и донесување на одлуки

Специфични цели на проектот: Зајакнување на жени од 9 локални заедници: Ерџелија, Дабиле, Долно Косоврасти, Злеово, Шеин Маало, Перо Чичо, Биљановце, Брусничко Лавчанска и Долно Оризари за активно учество во процеси на планирање и донесување на одлуки на локално ниво (450 жени дале повратни одговори за познавањето на работата и степенот на задоволство од услугите на општината; 150 жени ги зголемиле своите знаења за релевантноста, механизмите и придобивките од учество во процесите на годишно програмирање и буџетирање на локалните самоуправи); Зајакнување на капацитетите на 6 локални женски организации: ЖГИ Клеа Битола, Радика-Де Дебар, ГИЖ Свети Николе, ХЗ Мајка Куманово, Женска Акција Радовиш, ОЖ Струмица за граѓанска мобилизација на жените од заедницата и застапување на нивните интереси кај локалните власти (900 жени директно исконтактирани со теренски активности за информирање, мобилизација и олеснување на пристапот до локално планирање и донесување одлуки; 24 жени од локалната заедница зајакнати со практични вештини за мобилизација и застапување); и Зголемено следење и проценка на ефикасноста во спроведување на законските и политичките обврски за унапредување на родовата еднаквост врз Парламентот, Владата и локалната самоуправа во функција на национално и локално застапување.

Име на проект: АКТИВНИ ЖЕНИ ОТЧЕТНИ ВЛАСТИ

Времетраење: 01/05– 31/12/2018

Извор на финансирање: Фондација Жена за жена/Kvinna Till Kvinna

Општа цел: Да се зголеми влијанието на жените во процесите на планирање и донесување на одлуки

Резултати: Зајакнати жени за активно учество во процесите на планирање и донесување на одлуки на локално ниво; Зајакнати капацитети на локалните женски организации за граѓанска мобилизација на жените од заедницата и застапување на нивните интереси кај локалните власти и Мониторинг и проценка на ефикасноста во спроведување на законските и политичките обврски за унапредување на родовата еднаквост врз Парламентот, Владата и локалната самоуправа во функција на национално и локално застапување

Име на проект: Социјална отчетност за родова еднаквост

Времетраење: 01/01/ 2017 – 31/12/2019  Извор на финансирање: ЕУ во рамките на ИПА Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015

Спроведувачи: ЕСЕ (носител)  Акција Здруженска –Скопје (партнер)

Општа цел: Воспоставување национална мрежа за промовирање на социјалната отчетност за родова еднаквост. Специфични цели: Зајакнат мониторинг и проценка на ефикасноста и ефективноста на буџетските трошења и услуги во областа на активните мерки за вработување; Зголемени капацитетите на локалните организации и локалните заедници за примена на методологии за социјална отчетност  во застапувањето на родовата еднаквост; Подобрена јавната видливост за прашањето на транспарентност и отчетност во планирањето и буџетирањето на јавните политики.

Резултати:   Мапирани релевантни локални и национални институции, како и локалитетите и заедниците; Мониторинг и анализа на најмалку две активни програми за вработување предвидени во годишните Оперативни планови за активни програми и мерки за вработување во две последователни години (2017 и 2018 г.); Мониторинг во заедницата и оцена на избраните активни програми за вработување, вклучувајќи и од родова перспектива; Најмалку 10 невладини организации запознаени и обучени за концептот на општествена одговорност; Грантови обезбедени за најмалку 4 НВО во врска со преземање активности на застапување за родова еднаквост врз основа на собраните наоди за општествена одговорност; Приближно 1600 членови на заедницата (жени и мажи) зајакнати и активно вклучени во активности на застапување; Менторство обезбедено на избраните невладини организации за примена на методологијата за општествена одговорност во областа на активните програми и мерки за вработување; Организирани осум дебати за политиките (по четири годишно) со локалните чинители во секоја од избраните  локални заедници; Организирани две национални конференции (по една годишно); и Организирани две годишни јавни кампањи.

Име на проектот: РАЗВОЈ НА СТРАТЕГИИ ЗА ЗГОЛЕМЕНО УЧЕСТВО НА ЖЕНИТЕ НА ЛОКАЛНО НИВО

Времетраење: Декември 2016 – Јуни 2017 Извор на финасирање: UN WOMEN

Спроведувачи: Конзорциум помеѓу Консалтинг за стратешки развој Скопје и Акција Здруженска Скопје

Општата цел: Да се развијат стратегии односно пилот модели за поголема мобилизација на жените, како и зајакнување на нивните капацитети за да ги артикулираат нивните потреби и приоритети во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки на локално ниво.

Очекувани резултати: Зајакнати капацитети на локални НВО за идентификување и имплементирање  активности за поголемо вклучување на жените во донесувањето на јавните политики на локално ниво; Идентификувани потреби и потенцијали за граѓанско учество кај жените од локалните заедници;  Локални жени од 10 општини директно вклучени во теренски активности насочени кон информирање, едукација и мобилизација за застапување; НВОи подготвени за користење на практична алатка (стратегија) за работа со жени во локалните заедници и сензибилизирани корисници на социјални медиуми на темата за учество на жените во процесот на донесување одлуки на локално ниво.

Име на проектот: Застапување на родово инклузивни локални буџети

Времетраење: 01/07/2016 – 31/03/2018 Извор на финансирање: Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска

Општа цел: Унапредување на третманот на родовите прашања во програмското и буџетското планирање на локално ниво.

Очекувани резултати: Зајакнати знаења и вештините на женските НВО за следење и застапување специфичните потреби на жените во буџетските процеси на ЕЛС; Обезбедени релевантни информации за приоритетните потреби изразени од самите жени во заедницата и нивниот третман во буџетските процеси; Промовирана релевантноста на родовата еднаквост во управувањето со јавните финансии помеѓу жените во заедницата и локалните чинители.

Име на проектот: Институционална поддршка

Времетраење: 01/07/2015 – 01/07/2016 Извор на финансирање: Глобален фонд за жени

Целта е да се поддржи спроведувањето на програмските активности на Акција Здруженска за 2015/2016 кои имаат за цел: Зајакнување и поддршка на младите жени како идни компетентни и влијателни активисти преку нивна обука и практично искуство (вклученост во планирањето и реализацијата на активности за следење, застапување и кампањи); Спречување на идна маргинализација на прашањата поврзани за родовата еднаквост и правата на жените преку оддржување на јавна дебата која ќе се темели на прибраните и анализирани релевантни податоци за јазот помеѓу намерите на усвоените закони и политики за родова еднаквост и напорите и ресурсите за нивна практична примена, како и потребите изразени од самите жени; Зголемување на надлежностите на институционалните актери (особено машинеријата и администрацијата за родова еднаквост) за спроведување на обврските од политиките за родова еднаквост преку развивање и застапување на практични алатки за имплементација и обука; и Зајакнување на организациските капацитети на Акција Здруженска.

Име на проектот: РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ВО ЛОКАЛНИТЕ БУЏЕТИ

Времетраење: 21/01/2015 – 20/07/2016 Извор на финансирање: ФООМ имплементатор на Проектот за граѓанско општество финансиран од УСАИД

Цели: Унапредување на знаењето и вештините на женските НВО за следење и застапување за специфичните потреби на жените во буџетските процеси на единиците на локалната самоуправа; Обезбедување на релевантни информации за приоритетните потреби кои се изразени од самите жени во заедницата; Информирање на јавноста/жените во заедницата за релевантноста на родовата еднаквост во управувањето со јавните финансии.  

Очекувани резултати: Зголемена буџетска писменост на локалните женски организации; Развиена и применета методолошка алатка за следење на буџетското планирање од родова перспектива; Обезбедени јавно достапни информации за третманот на родот во буџетските процеси; Развиени препораки за воведување на родот во буџетските процеси; Спроведено партиципативно истражување на приоритетните потреби помеѓу жените во заедницата; Идентификувани приоритетни прашања за застапување во рамките на буџетското планирање; Спроведена кампања за поттикнување на интересот на жените во заедницата за прашањата поврзани со јавните финансии.  

Име на проектот: МЕЃУГРАНИЧНА ЕДНАКВОСТ И РОДОВО ИНТЕГРИРАЊЕ

Времетраење: 24/11/2014 – 24/11/2016 Извор на финансирање: ИПА на ЕУ за прекугранична соработка со Косово

Цели: Воспоставување на прекугранична мрежа на женски организации кои се активни на планот на родовата интеграција на локално и регионално ниво. Специфичните цели на акцијата вклучуваат: Зајакнување на локалните НВО за унапредување на примената на пристапот за интеграција на родова еднаквост; Зголемување на организациските капацитети на локалните женски организации во регионот во кој се спроведува проектот; Техничка поддршка на нивната мониторинг улога; Подобрено медиумско покривање на теми поврзани со жените на локално и национално ниво.

Очекувани резултати: Зајакнати капацитети на женските организации во проектниот регион; Квалитативно подобрување на податоците и нивна ефективна дистрибуција; Олеснета размена на искуства и прекугранично вмрежување со цел да се решат заедничките проблеми; Изработка на практични алатки за секојдневните активности, како што се прирачникот за родови политики на ниво на ЕУ и нивна примена во иницијативите за застапување на централно и локално ниво. На долгорочен план, оваа активност се очекува да ја зацврсти агендата за женските права во Косово и во Македонија и да ги намали разликите во капацитетите меѓу централните и периферните организации.   

Име на проектот: КОАЛИЦИЈА ЗА БУЏЕТСКИ СЛЕДЕЊЕ

Времетраење: 01/07/2014 – 01/07/2015 Извор на финансирање:  Центар за економска анализа имплементатор на проект финансиран од ЕУ

Цели: Следење на транспарентноста на буџетските процеси и во единиците на локалната самоуправа (Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Петровец, Илинден, Чучер Сандево)

Резултати: Обезбедени се релевантни јавни информации за нивото на транспарентност на ЕЛС во буџетските процеси.   

Име на проектот: ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЖЕНСКИТЕ ПРАВА – РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ Е СЕКОЈДНЕВНА ПОТРЕБА

Времетраење: 01/09/2013 – 01/07/2014 Извор на финансирање: Фондацијата Отворено општество – Македонија имплементатор на Проектот на УСАИД за граѓанско општество

Цели: Обезбедување на релевантни информации за напредокот во имплементацијата на Законот за еднакви можности на жените и мажите во 2013 година; Поттикнување на зголемен обем на активности, особено кај единиците на локалната самоуправа согласно обврските кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на жените и мажите; Информирање на жените од локалните заедници за конкретните активности и мерки кои треба да ги обезбедат локалните власти за унапредување на родовата еднаквост.

Резултати: Спроведена компаративна проценка за напредокот постигнат од 25 јавни институции, 85 општини и Градот Скопје од спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите (2012-2013); Промовирани се резултати и препораки од следењето на имплементацијата на Законот за еднакви можности на жените и мажите во 2012 година во 13 единици на локалната самоуправа и 30 НВО; Изработен е и промовиран информативно-едукативна алатка за планирање, следење и известување за обемот и карактерот на активностите на различни актери од единиците на локалната самоуправа и застапувањето од локалните НВО; Промовирани се конкретните придобивки од спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите  меѓу 30 000 жени во 13 локални заедници во соработка со 5 локални женски НВО.

Име на проектот: ОТЧЕТЕН ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ОДГОВОР – ПРЕТПОСТАВКА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 01/09/2012 – 30/09/2013 Извор на финансирање: Фондацијата Отворено општество – Македонија имплементатор на Проектот на УСАИД за граѓанско општество

Цели: Обезбедување на релевантни информации за нивото на имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите во текот на првата година по неговото усвојување; Изработка на насоки за систематско следење, оценување и известување за напредокот и резултатите од спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите;Информирање на пошироката јавност за проблемите во однос на родовата нееднаквост и нееднаквиот статус на жените и и начините на кои институциите ги исполнуваат обврските за нивно решавање.

Резултати: Направена е иницијална проценка на напредокот постигнат од 25 јавни институции, 85 општини и Градот Скопје од спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите (2012-2013); Наодите и препораките се објавени и дистрибуирани во формат на куси резимирани извештаи (1000 примероци на македонски и албански јазик); Зајакната е дебатата за потребата од развивање на стандардизирани критериуми за континуирано следење, оценување и известување за активностите кои се преземаат за постигнување на целта на Законотза еднакви можности на жените и мажите кај релевантните учесници; Промовирани се креативен комуникациски алатки за поголемо присуство на прашањата на родовата еднаквост во јавноста кој се состои од информативна кампања за обележување на МЕСЕЦОТ на женските права.

Име на проектот: ПРОЦЕНКА НА ПРИСУСТВОТО НА РОДОТ ВО БУЏЕТСКОТО ПЛАНИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 01/01/2013 – 31/12/2013 Извор на финансирање:  Центар за институционален развој – ЦИРа, имплементатор на Програмата CIVICA Mobilitas финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка

Цели: Застапување на поголемо присуство на родовите прашања во процесите на планирање и буџетирање на активностите на институциите на централно и локално ниво.

Резултати: Обезбедени се релевантни јавни информации за обемот и карактерот на активностите кои се преземаат со цел да се постигнат резултатите планирани во рамките на Стратегијата за родово одговорно буџетирање на централно ниво и општина Битола; Изработени се препораки за унапредување на процесите за планирање и буџетирање на централно и локално ниво; и Иницирана е дебата помеѓу НВО секторот и институциите за потребата од зголемено родово присуство во буџетските процеси.

Име на проектот: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ И ЛОКАЛНИОТ АКТИВИЗАМ ЗА ЕФЕКТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО МАКЕДОНИЈА (co-aplicant)

Времетраење: 15/11/2012 – 15/11/2013 Извор на финансирање: UN Women

Цели: Застапувачите на родовата еднаквост и групите од граѓанското општество кои ги застапуваат правата на жените ги зајакнаа своите капацитети и глас за промовирање на родовата еднаквост и поефективно застапување за отчетност на клучните локални и национални претставници во спроведувањето на обврските за родова еднаквост.

Резултати: Зголемени се надлежностите на претставниците на локалната власт и локалните активистки за обезбедување на еднакви можности и вклучување на родот во процесот на креирање на политиките и буџетирањето на локално ниво преку партиципативни механизми за вклучување на приоритетите и потребите на жените и мажите од заедницата (пристап до инфраструктура, образование, социјална заштита, економско зајакнување, учество при донесувањето на одлуки)  самите женски организации; Развиен е значаен дијалог помеѓу ЕЛС и локалните активистички мрежи преку организирање на форуми за родова еднаквост во општините (како работилници кои треба да продуцираат конкретни резултати) во рамките на кои НВО и неформалните локални граѓански групи работат заедно со претставници на ЕЛС; Ревидирани се политиките согласно утврдените потреби и приоритети на локално ниво со помош на партиципативен процес.  

Име на проектот: РОДОТ И ОПШТЕСТВЕНАТА ОТЧЕТНОСТ: МОНИТОРИНГ НА ИМПЛЕНТАЦИЈАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАН ЗА АКЦИЈА ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ (2007-2012)

Времетраење: 01/11/2011 – 31/10/2012 Извор на финансирање: Balkan Trust for Democracy и Центар за институционален развој имплементатор на Програмата CIVICA Mobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка)

Цели: Обезбедување на квалитативна и квантитативна процена и анализа на резултатите од спроведувањето на Годишните оперативни планови (2008, 2009, 2010, 2011) и севкупното ниво на имплементација на Националниот план за акција за родова еднаквост во Македонија; Предлагање на препораки на одговорните владини институции за форматот и механизмите за планирање, координација и известување за процесот на имплементација на стратешките документи во областа на родовата еднаквост; Промовирање на улогата на граѓанското општество за следење, потпирајќи се на концептот на општествена очетност.

Резултати: Подготвен е писмен предлог за Стратегијата за родова еднаквост во 2012 во поглед на вклучувањето на родот во современите општествени текови врз основа на наодите и резултатите од следењето и оценката во Националниот план за акција за родова еднаквост во Македонија; Предложени се политички препораки во однос на приоритетните цели, мерки и индикатори, интегрирани во Стратегијата за родова еднаквост и четиригодишен акционен план за нејзина имплементација; Засилена е размената на искуства и дебати меѓу клучните учесници за важноста од поврзување на родовата еднаквост и отчетноста со вклучени 100 претставници на НВО, локални и национални институции, меѓународни организации, студенти, експерти и активисти.

Име на проектот: ЕВАЛУАЦИЈА НА НАПРЕДОКОТ ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ОН ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНАТА (co-aplicant)

Времетраење: 01/11/2011 – 31/10/2012 Извор на финансирање: Центар за институционален развој имплементатор на Програмата CIVICA Mobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка

Цели: Проценка на напредокот во спроведувањето на препораките во областите на загриженост на Комитетот на ОН за Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената и спроведување на правна анализа и процена на политиката за родова еднаквост, односно оценка на нивното почитување на стандардите наведени во Конвенцијата.   

Резултати: Оценка на напредокот во спроведувањето на препораките во областите на загриженост содржани во Заклучните коментари на Комитетот на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената; Оценет е напредокот во правната и фактичката усогласеност на законите/политиката со Конвенцијата; Подготвен е и објавен Периодичен извештај во сенка за Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената со придонес на 12 НВО; Презентирано е Резиме на утврдените факти, клучните области на загриженост и препораките од Извештајот во сенка на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената на Пред – сесијата на Работната група на Комитетот на Конвенцијата во Њујорк во партнерство со Здружението за еманципација, солодарности и еднаквост-ЕСЕ.

Име на проектот: Унапредување на политиките за  родова еднаковост  

Времетраење: 01/02/2011 – 31/12/2011 Извор на финансирање: Центар за институционален развој –ЦИРа, имплементатор на Програма CIVICA Mobilitas финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка

Цели: Придонес во изработката на Законот за еднакви можности на жените и мажите (2012)

Резултати: Изработена е првична анализа и општи препораки и конкретни  предлози за изработка на нацрт текст на Законот за еднакви можности на жените и мажите; Предложените одредби се делумно интегрирани во финалниот нацрт на текстот на Законот за еднакви можности на жените и мажите; Подготвени се дополнителни коментари и измени на нацрт текстот на Законот за еднакви можности на жените и мажите и истите се доставени до Собранието на РМ и се интегрирани во амандманите кои ги поднесува Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Име на проектот: МАПИРАЊЕ НА ЖЕНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 01/09/2010 – 01/08/2011 Извор на финансирање: Global Fund for Women

Цели: Обезбедување на релевантни податоци за тековната финансиска ситуација/програмски фокус на женските организации во Македонија; Предизвици во спроведувањето на програмата и финансиски предизвици на женските групи во Македонија;

Резултати: Иницирана е експертска дебата заради идентификување на минимум заеднички показатели за напредокот во спроведувањето на политиките за родова еднаквост во контекст на интегрирање на родовата перспектива како официјален стратешки пристап утврден со стратешкиот документ на РМ; Изготвен е извештај од истражување „Анализа на финасиските капацитети и програмски фокус на ЖНВО во РМ“.

Име на проектот: СЛЕДЕЊЕ И ОЦЕНКА НА НАПРЕДОКОТ ВО КРЕИРАЊЕТО И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПОЛИТИКИТЕ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО МАКЕДОНИЈА  

Времетраење: 01/01/2010 – 31/12/2010 Извор на финансирање: Центар за институционален развој –ЦИРа имплементатор на Програмата CIVICA Mobilitas финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка

Цели: Обезбедување на релевантни податоци за напредокот во подготвувањето и спроведувањето на политиките за родова еднаквост во Македонија и препораки за подобрување на родовата еднаквост до националните и меѓународни креатори на политиките.

Резултати: Објавен е периодичен и годишен извештај за следењето на севкупниот напредок во спроведувањето на специфичните политики за родова еднаквост;

Име на проектот: ИНТЕГРАЦИЈА НА РОДОВАТА АНАЛИЗА ВО ПРОЦЕСОТ НА КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА     

Времетраење: 01/01/2011 – 31/12/2011 Извор на финансирање: Центар за институционален развој-ЦИРа, имплементатор на Програмата CIVICA Mobilitas финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка

Цели: Промовирање на родовата анализа како инструмент за создавање на мерки и имплементирање на политики во областа на социјалната инклузија.

Резултати: Објавени се пет политички анализи: I. „Родова анализа на политиката за социјална инклузија“; II „Отворениот метод на координација и родот во Европската платформа против сиромаштијата и социјалната исклученост”; III. „Родовите прашања и инклузијата во Националната стратегија за е-инклузија на Република Македонија 2011-2014”; IV. „Помеѓу стигмата и дискриминацијата: Социјалната исклученост на лицата заразени со ХИВ/СИДА” V – „Родовата анализа во изработката на концепти за социјална инклузија”

Име на проектот: ЕФЕКТИВЕН ОДГОВОР НА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ОД СТРАНА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА    

Времетраење: 01/01/2010 – 31/03/2011 Извор на финансирање: The Balkan Trust for Democracy и Фондација Отворено општество Македонија

Цели: Зголемување на нивото на информирање и разбирање на клучните актери во локалната власт за природата, целта и одговорностите кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на жените и мажите; Зајакнување на капацитетите на локалните женски групи за следење на практичната имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите; Развивање на инструмент за континуирано оценување на напредокот во спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите.

Резултати: Зајакнати се знаењето и вештините за мониторинг на 11 НВО од пет општини; Подготвени се и промовирани 7 извештаи од следењето на имплементацијата на Законот за еднакви можности на жените и мажите во 7 општини (Битола, Дебар, Куманово, Свети Николе, Липково, Старо Нагоричане и Тетово).

Име на проектот: Кампања „Не наседнувам!”

Времетраење: 2009 Извор на финансирање: Фондација Отворено општество Македонија

Кампањата беше развиена со цел да обезбедува континуирана реакција на трендот на засилено промовирање на патријархалните норми и вредности, родовите стереотипи и национализмот од страна на македонската влада, агресивните обиди на верските институции и заедници да извршат свое влијание врз различни владини политики, како и на најекстремните случаи на мизогинија и говор на омраза насочен против жените во медиумите.

 

Специфични цели на кампањата: Да се истакнат манипулацијата и непочитувањето на правата на жените кои се во основата на различни владини кампањи, законски измени и политики; Да се промовира активно граѓанство и да се поттикне граѓанското општество да се спротивстави на дискриминаторските политики и агресивното промовирање на традиционалните родови улоги.

Кампањата се состои од следниот пакет на активности: Писма/реакции до медиумите, и секогаш кога е тоа можно, учество во ТВ дебати и обезбедување на изјави за пишаните медиуми; Подготовка и дистрибуција на промотивни материјали кои содржат различни клучни пораки за прашања поврзани со репродуктивните или сексуалните права, стереотипите и ограничените избори кои им се наметнуваат на жените; Заради ограничените ресурси, со исклучок на „традиционалните“ материјали, како што се постери и летоци, пораките се печатат на женска долна облека, торби за купување, престилки, маици, дистрибуирани при различни настани организирани во рамките на кампањата; Изработка на петиција која содржи препораки насочени кон сите нивоа на власта (Собранието на РМ, вклучувајќи ги релевантните комисии, Владата, соодветните министерства, и собирање на потписи во главниот град и локално (во 6 градови) во соработка со други НВО активистки и волонтери поединци; Организирање на настани (протести, уметнички изведби, семинари, итн.); Креирање на веб страница „Не наседнувам”(http://www.nenasednuvam.org/) која ги содржи пораките формулирани во текот на кампањата, како и текстот на релевантните реакции на НВО и поединци, различни видови на текстови и печатени статии во весници; Снимање и дистрибуирање на фотографии и видео клипови од настани до сите достапни медиуми, вклучувајќи и интернет.

Име на проектот: ПРИДОНЕС КОН ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2009   

Времетраење: 01/05-31/06/2009 Извор на финансирање: Kwinna Till Kvinna и сопствени средства

Цел: Обезбедување на резиме за напредокот во областа на родовата еднаквост во Македонија, и препораки како формален придонес во процесот на изработка на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија 2009.     

Резултати: изработен е писмен извештај; Развиени се препораки и истите се презентирани при регионалните консултации со меѓународни НВО организирани од Директоратот на ЕК за проширување. Претставничка на Акција Здруженска беше присутна како локален партнер на Kwinna Till Kvinna.

Име на проектот: СПРЕЧУВАЊЕ И ЕЛИМИНАЦИЈА НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 2009 Извор на финансирање: Асоцијација за еманципација, солидарност и еднаквост – ЕСЕ

Акција Здруженска беше поканета како проект партнер на Асоцијацијата за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во РМ за проценка на постојните капацитети на државните и НВО засолништа за жртвите на семејно насилство во Македонија и за анализа дали се имплементираат стандардите за работење предвидени со под- законските акти.       

Акција Здруженска беше инволвирана во: Развивање на инструменти; Собирање на податоци (дистрибуција на прашалници и спроведување на интервјуа); Учество во финализацијата на нацрт текстот на анализата.   

Име на проектот: МЕРЕЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ОД СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 2008 Извор на финансирање: УНИФЕМ преку имплементаторот Институт за истражување на економските политики

Акција Здруженска во соработка со Институтот за истражување на економските политики, беше инволвирана во процесот на имплементација на проектот Мерење на трошоците од семејното насилство против жените во Република Македонија, финансирано од УНИФЕМ.   

 

Цел: Проценка на приближните трошоци од семејното насилство против жените во 2006 година, во која ќе биде нагласена не само социјалната, туку и финансиската димензија на овој проблем на заедницата. Проектот беше фокусиран на мерење на трошоците од семејното насилство кои ги плаќа заедницата преку здравствениот, социјалниот, полицискиот и судскиот систем, како и трошоците на жртвите и невладините организации кои работат на овој проблем.   

Име на проектот: МОНИТОРИНГ НА ПРИМЕНТА НА ЗАКОНОТ ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Времетраење: 01/01/2008 to 01/11/2009 Извор на финансирање: ФООМ и IWP New York

Цел: Утврдување на степенот на почитување на одредбите од Законот за еднакви можности на жените и мажите (посебно Член 16) кои ја пропишуваат одговорноста и обврските на единиците на локалната самоуправа за усвојување и имплементирање на мерките за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите.

Резултати: Обезбедени се релевантни информации на ниво на свесноста на локалните власти за Законот и за прашањата кои тој ги регулира, за тековниот статус на спроведување на Законот; Утврдени се позитивните и негативните пракси од операционализацијата на локалната машинерија и квалитетот на комуникацијата помеѓу централната и локалните власти за прашања кои произлегуваат од овој закон; Изработени се препораки за подобрување на имплементацијата на законот; Зголемено е нивото на информирање на локалните власти и женските НВО за нивната улога и одговорност при промовирањето на родовата еднаквост.

Име на проектот: РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА ЖЕНИТЕ ВО ПРЕТПРИСТАПНАТА ПОМОШ НА ЕК ЗА МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 01/09 – 31/12/2008 Извор на финансирање: Меѓународна мрежа на родови политики (IGPN) и сопствени средства  

Цели: Акцијата беше спроведена во рамките на регионалниот проект на Меѓународната мрежа за родова политика – Еднакви можности за жените и мажите – застапување за промена, со цел да се реафирмира родовата еднаквост и зајакнувањето на жените како еден од клучните принципи на развојната помош на Европската комисија.  

Резултати: Беше подготвена Родова проценка на претпристапната помош на ЕУ (Advocacy Card) за претпристапната помош на ЕК за Македонија презентирајќи преглед на заложбите на ЕУ за родова еднаквост и оценка на родовите прашања во помошта на ЕК за Македонија; На консултативен состанок беа дискутирани препораките со актери инволвирани на различни нивоа во подготовката на документот на стратегијата: претставници на ЕУ, националната влада и организации на граѓанското општество.

Име на проектот: ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ НА МАЛДИ РОМКИ АКТИВИСТКИ  

Времетраење: 2008 Извор на финансирање: ФООМ

 
Цел: Развивање на базен на неколку млади Ромки, обучени да пренесуваат специфични знаења и вештини за застапување на ромските женски права во Македонија.

 

Резултати: По завршувањето на обуката за обучувачи, 7 учесници се здобија со знаење за: Разбирање на процесот и специфичните контексти на развивање на родов идентитет и социјални улоги; Разбирање на позицијата на жените во општеството со посебен акцент на жените Ромки; Знаење за преговарање и застапување за родови прашања во ромскиот граѓански сектор и владините институции; Вештини за структурирање и реализација на обука на теми во согласност со потребите на учесниците.

Име на проектот: ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА УНИФИЦИРАНИ И ПОЗИТИВНИ ПРАКСИ ЗА БОРБА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 01/01/2006 to 31/05/2008 Извор на финансирање: UNIFEM

Цели: Унифицирање на граѓанскиот судски систем и стандардизација на обезбедувачите на директни услуги; Унифицирање на одговорот на кривичниот судски систем на семејното насилство во Македонија

Резултати: Развиени е постапка за предлагање, издавање и продолжување на привремените мерки за заштита, како и процедура за имплементација и известување за привремените мерки за заштита; Министерството за труд  социјална политика изготви и воведе под-законски акт „Постапка за начините на имплементација и следење на мерките за заштита на семејството и жртвите на семејното насилство кои ги презема ЦСР и следење на привремените мерки за заштита“; Изработени се институционални форми и стандарди на постапување на различните обезбедувачи на услуги врз основа на екстензивен и сеопфатен процес на проценка на нивните организациски и институционални капацитети. Министерството за труд  социјална политика изготви и воведе под-законски акт кој ги пропишува стандардите за формирање и работење државни засолништа именувани како „Центри за жртви на семејно насилство“; Изготвени се и поднесени измени на Законот за семејство и Законот за социјална заштита и усвоени се од Собранието на РМ. Објавени се и дистрибуирани практични Прирачници за релевантните професионалци од граѓанскиот и кривичниот судски систем; Изработена е целосна листа на потребните докази за кривични случаи; Направени за измени на Кривичниот законик; Реализирани се две национални кампањи во текот на 16 меѓународни дена за борба против насилството врз жените.

Име на проектот: ИНИЦИЈАТИВИ НА ЛОКАЛНИТЕ ЖЕНИ ЗА РАЗВИВАЊЕ И ПОДДРШКА НА ПРОГРАМИ

Времетраење: 2005-2006 Извор на финансирање: ФООМ и IWP New York

Локални женски иницијативи за развивање и поддршка на програми беше развиена како пилот иницијатива со цел да ги мобилизира и поддржи локалните активистки да станат активен партнер во развојот на локалните политики  

Цели: Зајакнување на женските групи надвор од Скопје и поттикнување на нивната соработка и вмрежување и зголемување на родовата свесност на други релевантни актери во заедницата (НВО, претставниците на локалната власт, јавните институции, и пошироката јавност) и интензивирање на дијалогот и соработката за родовите прашања помеѓу женските групи и останатите актери во заедницата.

Резултати: Групите дојдоа до заеднички договор за потребата од иницирање на процес за развој и усвојување на стратегии и акциони планови за родова еднаквост од страна на локалната власт како заеднички приоритет во секоја општина. Покрај тоа, групите договорија и клучни заеднички чекори и специфични акциони планови на стратегиите за застапување. Беа оценети и потребите за понатамошно градење на нивните капацитети; Врз основа на унифицирана методологија, групите беа инволвирани во собирање на податоци од секоја од општините (статистички податоци, програми и проекти и под-законски акти на локалната власт). Врз основа на тие податоци, објавени се родови анализи на локалните политики за 5 ЕЛС, утврдени како приоритетен заеднички чекор: Битола, Велес, Свети Николе, Куманово и Дебар. Фокус областите на анализите опфатија: локална власт, политички живот, економија, образование, социјален живот, здравство и култура. Прашањата на управувањето и пристапот до процесот на донесување на одлуки ќе бидат во основата на анализата.  

Име на проектот: ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ПОЗИТИВНИ ПРАКСИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 2005 Извор на финансирање: UNIFEM

Цели: Изработување на протоколи за постапување при семејно насилство за припадниците на полицијата, здравствените и социјалните работници и системот за дејствување на НВО професионалците; Зголемување на свесноста и надградување на  вештините на припадниците на полицијата, здравствените и социјалните работници и НВО професионалците за соодветно интервенирање во случаи на насилство врз жените/СМ; Поттикнување на релевантните актери за изработка на концепт за мултидисциплинарен пристап и систем на упатување во случаи на семејно насилство.

Резултати: Воспоставен е механизам за соодветен одговор на владините институции на семејното насилство; Воспоставени се стандарди на постапување на неформалниот систем на заштита од семејно насилство; Испечатени се и дистрибуирани се протоколи за поттикнување на поголема свесност и испечатена е Прелиминарна листа на упатување заедно со протоколите со цел да се утврдат клучните актери во ново дефинираниот систем на одговор на семејното насилство.  

Име на проектот: WITT – ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ ЗА WITT ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 2005 Извор на финансирање: IIAV

Цели: Зајакнување на женското движење во граѓанското општество, женските организации и оние кои работат на родовата еднаквост, преку користење на информатичка технологија; Зајакнување на капацитетот на женските организации; Зголемување на пристапот на жените до можностите на информатичката технологија и обезбедување на можности за мрежно работење; Зголемување на капацитетите на информатичка технологија за жени и девојки; Зголемување на свесноста за придобивките од алатките на информатичката технологија.

Резултати: Извршена проценка на потребите на ниво на знаење и користење на информатичката технологија кај женските групи во Македонија; Обучени локални женски активисти за информатичка технологија и родови прашања.