• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ

декември 29, 2021
by admin
0 Comment

Оваа сеопфатна студија е дел од проектот „Родова димензија на политики во фокус – јакнење на резилиентност во пост-ковид период“ што Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го спроведува заедно со Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје и Здружение Радика-ДЕ од Дебар. Проектот е поддржан од Швајцарска агенција за развој и соработка под програмата Цивика Мобилитас.

Во првиот дел е прикажана проценката од деск анализата за социо-економските потреби на жените и граѓанските организации кои работат на прашањата на родовата еднаквост во пост-ковид контекст, потпирајќи се на релевантни меѓународни извештаи, како и официјалните статистички податоци кои говорат за диспропорционалната економско-социјална погоденост на женското население и документи на јавни политики. Изработени се и препораки до државните и до меѓународните институции што во иднина директно ќе се застапуваат пред нивните претставници на консултативни средби.

Вториот дел од студијата е теренската проценка што ја спроведе ИОХН-Скопје во периодот мај-октомври 2021. Направено е квалитативно истражување односно длабински интервјуа со 10 претставнички на граѓански организации од сите региони во државата, што работат на полето на родова еднаквост. Во периодот мај-август 2021 е направено и квантитативно истражување односно телефонска анкета. Опфатени беа 602 испитанички од цела држава, репрезентативни според националност, возраст и образование.

Проценка на потреби за градење родово сензитивни политикиDownload
About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Име на проектот: ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ септември 15, 2023
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2022 година април 12, 2023
  • ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ 2022 март 16, 2023
  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk