На 21 декември 2017 во просториите на Акција Здруженска се одржа работилница за размена на искуства и дополнителни консултации за текот на процесот на мониторирање. На работилницата присуствуваа 8 претставнички на мониторинг тимовите на Организација на Жени – Струмица; ОЖ Визија – Кавадарци; Женска Акција-Радовиш; и Една Може- Скопје.
На средбата мониторинг тимовите ги разменија своите искуства за пристапот и начините на прибирање на информациите и методите на комуникација со релеавантните лица од општините. Секој тим ги споделени впечатоците од текот на мониторингот преку преглед на прибраните податоци по фази, по што следуваше дискусија и препораки за тимовите.
Процесот на мониторинг се одвива во текот на септември 2017-јануари2018 врз основа на претходно утврдените приоритетни прашања кои се предмет на следење при планирање на програмите и буџетот за 2018 година во 5-те општини опфатени со проектот „Застапување на Родово инклузивни локални буџети“.
Проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“ е поддржан од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.