На 20 јануари 2016 година, беше одржана работилница со проектните тимови на грантистите од проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, во просториите на Центарот за млади на Општина Гостивар. Средбата беше можност за 11 претставнички од имплементирачките организации Центар за женски права – Етика од Гостивар, Женски Форум од Тетово, Златна Рака од Тетово и Женски центар од Гостивар, да ги споделат целите, очекуваните резултати и активностите од проектите од застапувачките акции, кои ќе се реализираат во следниот шест месечен период.
Покрај размената на информации и идентификација на можностите за соработка и поддршка, на средбата проектните тимови развија нацрт на оперативните планови за имплементација на акциите. Воедно, подетално се запознаа и со административните обврски во врска со реализацијата на доделените грантови.
Средбата се организира во рамките на активности за техничка поддршка преку која ќе се зајакнат капацитетите на локалните женски организации.