Проектот Развој на стратегии за зголемено учество на жените на локално ниво Акција Здруженска го спроведува како партнер на Консалтинг за стратешки развој, а е поддржан од UN WOMEN Skopje. Проектот ќе се одвива во периодот декември 2016 – мај 2017.
Општата цел на пректот е да се развијат стратегии односно пилот модели за поголема мобилизација на жените, како и зајакнување на нивните капацитети за да ги артикулираат нивните потреби и приоритети во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки на локално ниво.
Активностите на проектот предвидуваат:
– Идентификување на пречките и добрите практики со цел зголемување на учеството на жените во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки на локално ниво;
– Развивање на стратегија за зајакнување на жените за вклучување во процесите на креирање на политики на локалнокако и развивање на модели за нивна поголема мобилизација;
– Пилотирање и тестирање на стратегиите и моделите.
– Вклучување локални ГО и жени лидерки и активистки во активностите