Серијалот „Градење на автентичен локален женски активизам„ има за цел промоција на женското граѓанско учество и се состои од четири кратки видеа во кои пет жени од различни локации ги споделуваат нивните предизвици, искуства и позитивни промени од процесот на едукација, мобилизација и застапување пред општинските власти. Во првото видео „Жените за месните заедници“ жените зборуваат за искуствата со месните заедници, во второто „Жените за јавниот ангажман“ зборуваат за предизвиците да се вклучат во политичкиот живот во своите заедници, во третото „Жените влегуваат во општините“ зборуваат за искуствата при застапувањe пред општинските власти и во четвртото „Учење за активизам“ зборуваат за процесот на учење и активирање.
Проектот е финансиран од: The Kvinna till Kvinna Foundation. Видеото е изработено од: https://suterenstudio.com/