Акција Здруженска во периодот од декември 2014 – февруари 2015 организираше серија информативни и консултативни состаноци со локални граѓански организации, локалните самоуправи и медиуми од Полошкиот регион.
Средбите беа организирани во соработка со локалниот проектен партнер Изнститут за развој на заедницата од Тетово, во рамките на ИПА инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, кој се реализира во Полошкиот регион кој ги опфаќа општините: Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце.
На средбите, освен информациите на проектот беа идентификувани можностите за соработка, состојбата и предизвиците, како и тековните активности кои се превземаат во насока на промовирање и унапредување на родовата еднаквост.