Претставници на 9 граѓаски организации, Една може, ГИЖ Св. Николе, Женски форум Тетово, Радика Де, ОЖ Струмица, СОЖМ, Центар за образование и развој, ЕХО и Клеа во општините Скопје (Град Скопје, Аеродром, Ѓорче Петров), Свети Николе, Тетово, Маврово-Ростуше, Струмица, Боговиње, Штип и Битола спровердоа акции за широк опфат на жени со цел зголемување на учеството на жените во процеците на креирање на политики на локално ниво. Со овие акции 2487 жени имаа можност да го дадат своето мислење, став или пак да се здобијат со информации по однос на прашања специфични и интересни токму за општината во која живеат. Акциите се одвиваа во форма на кампањи од врата на врата, петиции, работилници, улични акции и фокус групи. Целта на овие акции беше граѓанските организации да ја изградат својата база на конституенти, да ја зајакнат својата позиција како врска меѓу жените од заедницата и локланите власти како и да ги зајакнат капацитетите на жените од заедниците да можат тие самите да ги адресираат своите потреби и приоритети.