Акција Здруженска, во периодот 06.04.2017 – 15.05.2017, спроведе партиципативно истражување за специфичните потреби и приоритети, и оценка на општинските услуги во областите на надлежност на локалната власт. Истражувањето е спроведено преку реализација на 10 фокус групи со 90 жени од Струмица , Кавадарци , Радовиш , Карпош и Центар, а во соработка со тимовите од локалните организации вклучени во проектот Застапување на Родово инклузивни локални буџети. Првата серија фокус групи е структурирана на начин кој обезбеди отворен процес на изразување на проблемите и потребите на жените, од кои понатаму беше развиена листа на услуги и индикатори за оценка на перформансите на локалната власт во нивно обезбедување. Втората серија фокус групи се фокусира на оценување на услугите во одделните области на надлежност, кои беа основа за заедничко утврдување на приоритните области и мерки за кои општината би требало издвои финансиски средства. Сумарните резултати од партиципативното истражување покажуваат дека граѓанките со најниски оцени ги одбележаа областите економското јакнење и социјалната заштита. Она што најчесто го наведуваа како мерки кои им се потребни од овие облати се: изградба на нови градинки, домови за стари лица, центри за деца со посебни потреби, помош за еднородителски семејтва, програми за женско претприемништво и субвенционирање на мали бизниси за жени.