На 03 мај 2018 година се одржа третата по ред средба за вмрежување на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во хотел Бест Вестерн во Скопје, а на истата присуствуваа 15 претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар – Битола, Женски Форум – Тетово, Организација на жени Струмица и ГИЖ Свети Николе.
На средбата беше даден краток осврт на програмите и услугите за вработување предвидени со Оперативните планови за вработување за период 2014 – 2017 годинаи, потоа на организациите им беа презентирани инструкции за спроведување на анкетното истражување во заедницата за оценување на задоволството, квалитетот, корисноста и достапноста на активните мерки за вработување, како и реализација на првиот влез во домаќинствата.
Проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ се имплементира од Здружението за еманципација солидарност и еднаквост -ЕСЕ во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје. Истиот е поддржан од ЕУ преку ИПА Инструментот за граѓанско општество и програма за медиумите 2015 – Поддршка за граѓанските организации во рамките на инструментот за акција во граѓанското општество 2015.