Во текот на месец октомври и ноември 2016 година е спроведена тримодуларна обука „Родот во буџетското планирање“ наменета за избраните мониторки и локални асистентки вклучени во програмата за зајакнување на капацитетите на 4 локални женски организации: Организација на жени – Струмица; Асоцијација за унапредување за статусот на жената во Македонија „Женска Акција“- Радовиш; Здружение на еднородителски семејства Една може! – Скопје и ОЖ Визија – Кавадарци.
Програмата за зајакнување на капацитетите има за цел да ја зајакне улогата на локалните женски НВО за промоција на интересите на жените и родовата еднаквост во процесите на годишно планирање и буџетирање. Истата опфаќа стекнување на одржливи знаења и практични вештини, како и ресурси за примена на клучните фази и чекори на застапувачка стратегија, воспоставена комуникација со локалните власти и мониторинг на планирачките процеси.
Обуките се реализираат во рамки на проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“ кој е поддржан од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.