На 18 мај 2018 година се одржа четвртата редовна средба на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во просториите на ЕСЕ, а на истата присуствуваа претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар – Битола, Женски Форум – Тетово, Организација на жени на градот Струмица и ГИЖ Св. Николе. На средбата организациите дискутираа по однос начинот на внесување на податоците прибрани преку анкетните прашалници спроведени во домаќинствата во развиената електронска база за внесување и обработка на податоци.
Проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ се имплементира од Здружението за еманципација солидарност и еднаквост -ЕСЕ во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје. Истиот е поддржан од ЕУ преку ИПА Инструментот за граѓанско општество и програма за медиумите 2015 – Поддршка за граѓанските организации во рамките на инструментот за акција во граѓанското општество 2015.