Непосредно пред предвремените парламентарни избори во јули 2020, девет мрежи на здруженија на граѓани, кои заедно бројат повеќе од 100 здруженија, испратија барање до сите политички партии кои учествуваат на предвремените парламентарни избори, за поддршка на Декларација за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) од страна на идниот парламентарен состав.