Повик за експерт/ка за подготовка на прирачник за политиките на ЕУ за родова еднаквост

Повик за експерт/ка

за подготовка на прирачник за политиките на ЕУ за родова еднаквост

 

Вовед

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска-Скопје бара заинтересирани експерти/ки за подготовка на прирачник за политиките на ЕУ за родова еднаквост во рамките на проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово.

 

Целта на проектот е воспоставување прекугранична мрежа на женски организации активни на планот на родовата интеграција на локално и регионално ниво преку: Зајакнување на локалните организации за унапредување на примената на пристапот на интеграција на родовата еднаквост; Зголемување на организациските капацитети на локалните женски организации во регионот во кој се спроведува проектот; Техничка поддршка на нивната мониторинг улога; и Подобрено медиумско покривање на теми поврзани со жените на локално и национално ниво.

 

Проектот се спроведува од Акција Здруженска-Скопје и Косовски центар за родови студии-Приштина во партнерство со Институтот за развој на заедницата-Тетово и Центарот за советување и поддршка на жените Дора Дорес-Призрен, а се реализира во регионот кој ги опфаќа општините: Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце (Македонија) и Призрен, Сухарека, Малишева, Драгаш, Раховец и Мамуша (Косово).

 

Опис на работните задачи

Основната цел на ангажманот е да се подготови прирачник кој е во функција на зајакнувањето на граѓанските здруженија од Македонија и Косово за примена на пристапот на интеграција на родовата еднаквост. Специфичната намена на прирачникот е да послужи како универзална, практична алатка за граѓанските здруженија со цел да им помогне во застапувањето на родовата еднаквост во рамките на процесот на пристапување во ЕУ.

 

Прирачникот е планиран како ресурс релевантен за граѓанските здруженија од двете страни на границата, кој треба да им овозможи стратешка визија и нивно позиционирање во евроинтегративниот процес и негово искористување за унапредување на присуството и третманот на прашањата на правата на жените и родовата еднаквост на политичката агенда.

 

Прирачникот треба да биде подготвен на начин кој ќе обезбеди едноставна примена во смисла на основно разбирање и клучни информации за нивната улога, насоки за контекстите и начинот на кој можат да ги застапуваат прашањата на родовата еднаквост во процесот на пристапување, имајќи ги предвид принципите, политиките и стратешките пристапи на Европската Унија во промовирањето на родовата еднаквост.

 

Особено внимание при подготовката на содржината треба да му се посвети на процесот на известување за напредокот на државата во пристапувањето кон ЕУ, како и на подготовката на насоките кои треба да бидат практични и едноставни за примена, за тоа кои се најефективните начини на кои граѓанските организации можат да придонесат со информации за напредокот по области, а кои се релеватни за унапредување на човековите права на жените и родовата еднаквост.

 

Прирачникот треба да вклучи визуелно прегледни, едноставни, лесно разбирливи и применливи содржини кои ги опфаќаат следниве тематски прашања:

  1. Воведни информации за ЕУ и клучните договори во кои се третираат прашањата на еднаквоста
  2. Легислатива на ЕУ за родова еднаквост
  3. Родово релевантни политики, приоритети, систем на следење и финансирање
  4. Стратешки пристап на ЕУ во унапредувањето на родовата еднаквост (двоен пристап)
  5. Процес на пристапување/обврски на земјите кандидатки за членство
  6. Следење и известување за напредокот на земјите кандидатки
  7. Улогата и учеството на граѓанските организации во процесот на следење и известување за напредокот во унапредувањето на родовата еднаквост
  8. Практични насоки за застапување (клучни поглавја и специфични родово релевантни прашања кои се предмет на следење, третман на прашањата, учество во консултации, подготовка на документи како придонес и сл.)

 

Содржината на финалната верзија на прирачникот е ограничена на максимум 60 страници.

 

Тип на договор и надоместок

Со избраниот експерт/ка ќе биде потпишан индивидуален договор за ангажман кој се заснова на плаќање по испорачана услуга: Подготвен прирачник за политиките на ЕУ за родова еднаквост на англиски јазик. Услугата вклучува и презентација на содржината на прирачникот на еднодневен настан организиран од Нарачателот.

 

Краен рок за испорака на услугата е 31 јануари 2016 година.

Надоместокот за испорачана услуга е 2.000 евра бруто во денарска противвредност. Износот ги вклучува сите трошоци поврзани со ангажманот.

 

Потребни квалификации

Пријавените треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:

  • Завршено високо образование;
  • Експертиза од областа на родот и родови односи;
  • Одлично познавање на институциите, легислативата и политиките на ЕУ;
  • Искуство и учество во процеси на следење и известување во процесот на пристапување на нови членки;
  • Познавања од областа на партиципативно учество во креирање на политики и јавното застапување;
  • Претходно искуство во подготовка на исти или слични продукти.

 

Потребна документација

Понудата треба да го содржи следново:

  • Детална биографија (CV)
  • Писмо за интерес со референци за претходно подготвени слични публикации/алатки.

 

Критериум за избор:

  • Екпертиза и претходно искуство во подготовка на исти или слични продукти

 

Рок за пријавување

Понудите треба да се достават најдоцна до 9-ти декември 2015 година по електронска пошта на: zdruzenska@t.mk

Повик за експерт/ки