• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

На петтиот Марш за женски права активистките потсетија – Држава што не постапува е држава што силува

март 10, 2021
by admin
0 Comment

Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!

Вчера, по повод 8 Март, се собравме пред Министерството за внатрешни работи (МВР), означувајќи го почетокот на петтиот Марш за женски права, организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права скандирајќи „Држава што не постапува е држава што силува“.

„Виновни се за соучество во злосторство, сите кои имаат моќ, одговорност и ресурси да обезбедат достоинство, правда, безбедност и заштита на личната сигурност и животот на жените и девојките, а не го прават тоа; Сите, кои се овластени да ги откриваат, спречат, гонат и затворат насилниците, а не го прават тоа; Сите кои се должни и платени да обезбедат услуги и поддршка на жртвите да ја преземат контролата врз сопствените животи, а не го прават тоа; Сите кои помогнале во опстојување на криминалот и предизвикале штета, свесно или несвесно, со сторување или несторување, а не смееле да го прават тоа“ изјави Марија Савовска од Акција Здруженска и Платформата за родова еднаквост, во говорот кој го означи почетокот на маршот.

Таа нагласи дека е неопходно да се обезбедат поврзани институции, јасни правила и професионалци на кои ќе им поверуваме дека ќе му стават крај на насилството врз жените и родово базираното насилство, како и навремени, квалитетни услуги и поддршка за жените и девојките жртви на насилство. Повторно побаравме неодложно постапување од МВР и Јавното обвинителство по сите конкретни барања:

Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство.

Кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени.

 Сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик.

Професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции.

„Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!“ – заврши Савовска.

Маршот го завршивме до Паркот Жена Борец, каде со завршни обраќања и краток перформанс беше означен крајот на овогодинешниот марш за женски права.

Маршот е кулминација на неколку неделните реакции на Платформата за родова еднаквост во насока на бавната реакција на институциите во поглед на случаите на родово базирано насилство.

На следниот линк фото-галерија од Ванчо Џамбаски: Непостапување е соучество | Flickr

08.03.2021, Скопје

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 2“ за 2020 година јули 12, 2021
  • ПРОЕКТ „АКТИВНИ ЖЕНИ ОТЧЕТНИ ВЛАСТИ 3“ јули 9, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk