• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Демографските политики и родовата еднаквост во Република Македонија: Мерките за унапредување на еднаквоста како мерки за зголемување на наталитетот

ноември 09, 2012
by Сузана Гроздановска
0 Comment

Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“ и организацијата „Реактор – Истражување во акција“ до надлежните институции, на 08.11.2012 доставија документ со предлог мерки за креирање соодветни политики за зголемување на стапката на родност. Целта на овој документ е да се покаже дека мерките за унапредување на еднаквоста помеѓу жените и мажите не само што не се во конфликт со мерките за зголемување на наталитетот на една држава, туку напротив, постојат емпириски докази кои го потврдуваат спротивното. Кај државите во Европската унија, највисоките вкупни стапки на родност се забележани кај оние држави кои преку комбинација на конкретни мерки за реинтеграцијата на жените на пазарот на трудот нудат поголема и попристапна покриеност на јавни установи за грижа на деца и поволни услови за родителско отсуство за двајцата родители. Оваа иницијатива на „Акција Здруженска“ и организацијата „Реактор – Истражување во акција“ беше поддржана од девет организации и две експертки кои се бават со унапредување на родовата еднаквост. (НВО Инфоцентар, Плусинфо, Алфа ТВ, Феминистик.)

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Име на проектот: ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ септември 15, 2023
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2022 година април 12, 2023
  • ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ 2022 март 16, 2023
  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk