Здружението на граѓани Акција Здруженска од Скопје во
соработка со активистките од Куманово, организираше форум на тема: Политики и
практики за родова еднаквост во Општина Куманово, кој се одржа на
01.02.2007 во ресторан Ловец од 12:00 до 14:30 часот.
На форумот, кој е дел од серијата вакви средби организирани
во рамките на програмата Развој и поддршка на иницијативите на активистките
од локалните заедници, предвидено земаа учество на Членови/ки на Советот на
Општина Куманово, како и претставници/чки на релевантни институции, бизнис
секторот и женските НВО.
Целта на форумот беше презентирање на наодите и препораките
од студијата Родовата еднаквост и локалната самоуправа – Општина Куманово.
Воедно, форумот обезбеди простор за дискусија во однос на можностите за
инкорпорирање на препораките во политиките и практиките на локалната самоуправa,
а во согласност со локалните специфики на Општина Куманово.
Оваа студија е резултат на заедничките напори на Акција
Здруженска и активистките од Куманово, изработена со цел да овозможи подетален
увид во постојните политики и практики на локалните власти во третирањето на
родовата нееднаквост.
Оваа средба претставуваше можност за понатамошно градење
партнерства меѓу активистките и локалната самоуправа во насока на идентификување
приоритети за институционално решавање на проблемите кои се јавуваат како
последица на родовата нееднаквост во заедницата.
Фотогалерија