Здружението на граѓани Акција Здруженска од Скопје во
соработка со активистките од Велес, организираше форум на тема: Политики и
практики за родова еднаквост во Општина Велес, кој се одржа на
15.03.2007 во ресторан Снупи (Офицерски Дом) од 13:00 до 15:00 часот.
На форумот, кој е дел од серијата вакви средби организирани
во рамките на програмата Развој и поддршка на иницијативите на активистките
од локалните заедници, беше предвидено учество на Градоначалникот,
Членови/ки на Советот на Општина Велес, како и претставници/чки на релевантни
институции и женските НВО.
Целта на форумот беше презентирање на наодите и препораките
од студијата Родовата еднаквост и локалната самоуправа – Општина Велес.
Воедно, форумот обезбеди простор за дискусија во однос на можностите за
инкорпорирање на препораките во политиките и практиките на локалната самоуправa,
а во согласност со локалните специфики на Општина Велес.
Оваа студија е резултат на заедничките напори на Акција
Здруженска и активистките од Велес, изработена со цел да овозможи подетален увид
во постојните политики и практики на локалните власти во третирањето на родовата
нееднаквост.
Оваа средба претставуваше можност за понатамошно градење
партнерства помеѓу активистките и локалната самоуправа во насока на
идентификување приоритети за институционално решавање на проблемите кои се
јавуваат како последица на родовата нееднаквост во заедницата.
Фотогалерија: