Програмата за тродневната обука Јавно застапување е наменета за членки/членови на активни НВО, со релативно добри познавања на контекстот и областа во која делуваат. Целта на програмата за обука е да ја зголеми способноста на НВО за влијание врз институциите во локалната заедница преку запознавање со вештините за примена на техниките и развивање план за ЈЗ. Обуката ги опфаќа следните теми: Вовед во ЈЗ
ЈЗ и сродни концепти
Запознавање и практична примена на чекорите во ЈЗ ( определување тема, цел и задачи, целна публика, анализа на целна публика, развивање и пренесување порака, лобирање, вмрежување, план за примена на ЈЗ )