04 декември 2013
во просториите на Фондација за локален развој и демократија
„Фокус“
Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција
Здруженска во соработка со Фондација за локален развој и демократија „Фокус“
од Велес организираа средба на тема: „ Кон поефикасно спроведување на
Законот за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС “ која се одржа
на 04 декември 2013 во просториите на Фондација за локален развој и
демократија „Фокус“
Основната цел на средбата беше да се промовира и дистрибуира
Годишен планер за единицитe на локалната самоуправа, како едноставна
информативно – едукативна алатка чија основна функција е да им помогне на
општинските власти да ги интензивираат напорите поврзани со планирањето,
следењето, оценувањето и известувањето за активностите превземени за остварување
на целите на ЗЕМЖМ.
Во рамките на средбата беше споделена и информација за
резултатите од мониторингот на состојбата со спроведувањето на Законот за
еднакви можности на мажите и жените во периодот од една година од усвојувањето,
кои послужија како основа за подготовка на Планерот.
Ha средбата присуствуваа 12 учесници претставници од
различните структури на единиците на локалната самоуправа на Општина Велес,
Општина Лозово и Општина Градско и претсавници од граѓански организации кои
работат на полето на родовата еднаквост.