Здружението на граѓани „Акција Здруженска” и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р.Македонија – ЕСЕ, од 15-18.06.2006 година организираа конференција за претставници од Центрите за социјална работа и невладини организации кои обезбедуваат директни услуги за жртви на семејното насилство. Конференцијата е одржана во рамките на проектот “Воспоставување унифицирани и позитивни практики за справување со семејното насилство во Македонија”, како дел од активностите во насока на стандардизирање на директните услуги за жртвите на семејно насилство. Целта на конференцијата е да се изврши мапирање и проценка на видот на услугите кои во моментов им се на располагање на жртвите на семејно насилство, како и за начинот на кој овие услуги се обезбедуваат од националните и локалните даватели на директни услуги за жртвите на семејно насилство. На средбата учесниците имаа можност да ги елаборираат видовите и начинот на обезбедување на услугите за жртвите на семејното насилство преку презентација на интервенција во конкретен случај на семејно насилство.