Мониторингот на примената на Законот за еднакви можности на жените и мажите во рамките на локалната самоуправа во Република Македонија претставува прв посериозен обид да се анализира спроведувањето на Законот за еднакви можности за жените и мажите од страна на локалните власти. Оваа публикација е изготвена со цел да обезбеди релевантни информации за тоа колку и како се спроведува Законот од страна на надлежните актери во единиците на локалната самоуправа и да препорача насоки за негова поуспешна примена.