Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска-Скопје во партнерство со Институтот за развој на заедницата од Тетово, на 28.01.2016 (четврток) во Хотел Лирак Тетово одржаа еднодневна обука на тема „Застапување на родовата еднаквост во локалните политики“. Обуката се реализираше во рамките на Проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово.
Целта на обуката беше зајакнување на капацитетите на локалните граѓански здруженија и активисти за застапување на интеграцијата на родовата перспектива во локалните политики. На обуката учествуваа 25 претставници на граѓански организации и индивидуални актвисти/ки од Полошкиот регион – Тетово, Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце.
Содржината на обуката беше испорачана преку методологија која обезбеди висок степен на интеракција и активно вклучување на учесниците, на темите јавно застапување (разгледување на концептите информирање, образование и комуникација, ПР, мобилизација на заедницата, застапување, мобилизација и зајакнување, канали на комуникација – стратешка комуникација, порака во една минута, изградба на поддршка – мрежи и коалиции). Исто така, учесниците работеа на развивање на идеи за застапување на родовата еднаквост во локалните политики, врз основа на податоците од истражувањето за родова еднаквост во општините во Полошкиот регион „Состојба со еднаквоста во одлучувањето и промоцијата на родовата еднаквост во Полошкиот регион“