Двомодуларна програма за обука (2 четиридневни семинари со практична задача за учесниците помеѓу двата модули) која е наменета за членки/членови на женските НВО. Целта на програмата за обука е да им помогне на женските НВО во: Менување на фокусот од социјални на прашања кои се однесуваат на статусот на жените; Препознавање на местото на нивните организации во поширокиот контекст и нивната улога во развојот на родово балансирано општество и на граѓанското општество во целина; Идентификување на најсоодветен модел и рамка за делување и управување со организацијата; Размена на информации, искуства и меѓусебно запознавање. Програмата се состои од комбинирани основни содржини на следниве теми: Дефинирање на родот и родовите улоги; Нивното влијание на нерамномерната распределба на моќта во општеството и општествената позиција на мажите и жените; Историја на женското движење, вредностите и принципите според кои се раководи; Дискриминација, Концепт на женски човекови права; Улога на НВО, со посебен осврт на женските НВО; Предизвици за стабилноста на НВО секторот; Мапирање на женскиот НВО сектор во Македонија; Испитување на потребите; Стратешко планирање; Прибирање средства и пишување проекти; Управување/Лидерство; Тимско работење; Волонтерство; Вмрежување и коалицирање; Односи со јавноста.