• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Повик за реакција до Собранието на РМ

октомври 26, 2012
by Сузана Гроздановска
0 Comment

Акција Здруженска, го предизвика Парламентот да ги искористи сите расположиви механизми за политичка контрола и надзор над Владата, оценувајќи дека е недозволиво за еден носител на исклучително влијателна функција, во јавен говор од позиција на претседател на Владата на РМ, правата на жените да ги проблематизира и претставува како искривена вредност и бесполезно трошење енергија.

Доставивме писмо до сите парламентарци со кое од нив побаравме иницирање јавна парламентарна дебата, со која ќе го преиспитаат начинот на кој Претседателот на Владата на РМ го исполнува својот уставен и законски мандат, надлежност и обврска за обезбедување услови за спречување на дискриминација по било која основа, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација; активна промоција на човековите права како универзална вредност, вклучувајќи ги и човековите права на жените; како и развивање и спроведување политики за постигнување на родовата еднаквост.

Потсетуваќи ги на политичката и законската обврска, ги повикавме парламентарците да го повикаат на отчет Премиерот кој си дозволи минимизирање и експлицитното отфрлање на приниципите и вредностите вградени во меѓународното право, Уставот на РМ и законите. Ова сметаат дека ќе има далекусежни последици за веќе несериозниот третман и институционален одговор на проблемот на родовата нееднаквост и нееднаквите права, статусот и положбата на жените во РМ.

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Име на проектот: ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ септември 15, 2023
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2022 година април 12, 2023
  • ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ 2022 март 16, 2023
  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk