Во рамките на програмската област Социјална инклузија, Акција Здруженска во текот на 2011 година изготви серија аналитички осврти со цел да ја промовира родовата анализа како алатка за креирање мерки и спроведување на политики од областа на социјалната инклузија.
Во септември излезе вториот аналитички осврт „Прашањето на Отворениот метод на координација (ОМК) и родот во Европската Платформа за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост“.